Ристески: Пожарот е подметнат, се сомневам дека е од политички мотиви (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Сношти околу 22 часот и 30 минути во противпожарната служба во Прилеп било пријавено дека е опожарена викендица на патот за село Волково. Потоа од нив бев известен дека е опожарена мојата викенд куќа. Дојдов на лице место некаде пред полноќ и видов дека се работи за пожар во мојата викендица. Ја гледате штетата, во моментот навистина не можам ниту да се сомневам во некој, ниту да посочам со прст лично кон некого, кој е сторител. Но, единствено што ми паѓа на памет е дека ова е политички сторено дело, истакна Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Очигледно дека му пречи на некој активноста на Петар Ристески, како претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Очигледно е дека работата и ангажманот политички на Петар Ристески на некого навистина му смета и посегнал да направи ваков гнасен чин. Полицијата е известена, беа луѓето и вчера на увид, противпожарната колку што можеше си ја заврши својата работа, бидејќи гледате се работи за непристапен терен. Се сомневам дека пожарот е подметнат бидејќи во објектот нема никаков електричен приклучок, нема електрични апарати, нема плински уреди, така да МВР нека си ја врши слободно својата работи и се надевам дека за брзо ќе ги откријат не само сторителите на овој гнасен чин туку и нарачателите, рече тој и додаде:

„Уште еднаш да кажам се сомневам дека е политички мотивирано ова бидејќи не е прв пат да се посегне по безбедноста на мене и моето семејство, односно на објекти во моја сопственост. Во неколку наврати беше и членот на СДСМ, направија штета на мојата семејна куќа, беше уништена портата од мојата семејна куќа на денот на изборите кога се славеше победата на СДСМ. Уште тогаш беше направен увид на полицијата но до ден денеска никој ниту ме контактирал, ниту ме повикал да дадам изјава , ниту ми кажал дали е поведена некаква постапка пред судот и слично, ниту пак дали се најдени сторителите иако сторителите беа добро познати и сите беа на очевид на сите. Така да очигледно е дека оваа хунта која владее во моментот во Република Македонија не признава ништо за свето и посегнува по семејните вредности на сите кои не размислуваат како нив“.

Уште еднаш ќе кажам, подвлече Ристески, оставам МВР, надлежните органи да си ја завршат својата работа, верувам дека луѓето се професионалци, добро ќе си ја сработат работата и ќе ги најдат сторителите на оваа гнасно дело и посакувам ова да биде последно, да се заврши да нема вакви мотивирано случаи, политички реваншизми и не знам што како да го наречам ова, бидејќи навистина работата е отидена предалеку. -Треба да упатам еден апел за помирување. Политиката е пред се еден натпревар на идеи, на вредности, на проекти, а не да се служи некој со вакви недозволени средства.

loading...