Афти, херпес – Излечете ѓи по природен пат

АКЦИЈА
loading...

Афтите претставуваат мали, болни и рецидивни лезии, кои најчесто се појавуваат на внатрешната страна на усните, јазикот, мекото непце и на слузницата на образот. Местата на кои се појавуваат афтите е нивна најважна карактеристика, а и еден од дијагностичките критериуми за разликување од оралните оштетувања кои се настанати од herpes simplex вирусот.

За разлика од херпесот, афтите не се појавуваат на кожата, непцето и забното месо. Причината за појавата на афтите се уште не е потполно јасна, но постојат одредени фактори кои се поврзуваат со нивното настанување. Со појава на афтите најчесто се поврзани:

моционалниот стрес (поради зголеменото лачење на хормонот кортизон)
Физичка исцрпеност
Прехраната
Недостаток на витамини и минерали
Нарушен имунитет
Алергии
Хормонални пореметувања
Анемија

Некои лекови како аспирин, антибиотици, лекови против габична инфекција, и друго.
Афтите можат да бидат:мали – помали од 1цм, обично многу болат и не се пропратени со други пореметувања на нашето здравје; големи – со радиус поголем од 1 цм, а најчесто се наоѓаат на работ на јазикот, слузницата на образот, мекото непце и ресичката; херпетиформни афти кои се манифестираат како поголем број мали ранички, кои се болни и се сместени на воспалена и оштетена слузница.

Третманот на афтите е најчесто симптоматски, со локална примена на антисептици, анестетици и антиинфламаторни лекови, а исто така можат да се користат и билни препарати. Исто така треба да се избегнуваат пасти за заби кои содржат натриум лаурил сулфат бидејќи може да ја иритира слузницата, и да поттикне формирање на нови афти и успорено лечење на истите. Билните препарати покажуваат добри резултати во третманот на афтите, а особено оние кои содржат танини поради адстригеното и антисептичкоото делување. Најдобар природен лек за третман на афтите е гаргара со чај од жалфија или невен. Исто така, се препорачува испирање на устата со алое вера три пати на ден. Освен тоа, прополисот се покажал како добро природно средство за треман и лечење на афтите.

Доколку појавата на афти е комплицирана и не може да се третира со билните лекови, ви советуваме да се консултирате со вашиот доктор за да ви пропише соодветни антиинфламаторни лекови и посебни води за испирање на устата.

Брзо лекување на херпеси на уста со средства од народната медицина:

1.Херпесот можете да го излекувате со помош на едно едноставно средство кое сите го имаме во кујната, а тоа е сода бикарбоната.

-Зовријте 100 мл вода, па додадете 1 чајна лажичка сода бикарбона, промешајте и тргнете од оган. Во овој раствор натопете парче памук и неколку пати дневно ставајте врз херпесот.

2.Брзо лекување на херпесот од усни овозможува и кујнската сол. За таа цел ставете малку сол врз херпесот. Повторувајте неколку пати во текот на денот.

3.Уште еден начин за борба со херпесот е со помош на лушпа од јајце. Тенката лушпа која се наоѓа од внатрешната страна е одлично противвоспалително средство. Треба само да ја одвоите оваа опна и да ја ставите на болното место. Резултатот ќе ве израдува.

4.Сите знаеме за чудесните својства на лукот кој се користи за лекување при различни болести, па и за херпес. Лукот е силно противвоспалително средство. Пресечете едно чешне лук, па со пресечената страна протријте го херпесот.

5. изрендани чешниња лук измешајте ги со 1 лажица павлака, 1 лажица брашно и 1 лажица мед. Ќе добиете одлична домашна маст против херпес, со која треба да се мачкате на заболеното место.

6.Во борбата против херпесот, како одлично средство се покажало и маслото од чајно дрво. Се препорачува нанесување на болното место на секои два часа. Можно е благо пецкање, но само после 2 дена ќе заборавите на овој проблем.

loading...