Времето ќе покаже и сите ќе сфатите дека ова што го направив е најдоброто решение за Македонија

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на Македонско собрание, Талат Џафери, член на политичката партија ДУИ, вечерва во емисијата “Ноќно студио” на Телма телевизија го образложуваше текот на за многумина спорната седница на која беше изгласан закон за употреба на јазиците.

Притоа тој потенцираше дека 90 проценти од овој закон, тие го имале усогласено и со партијата ВМРО-ДПМНЕ во Јануари месец, 2017 година, по завршувањето на парламентарните избори, а кога беа во тек преговори за формирање влада помеѓу овие две партии. Разликите биле само во двојазичните униформи и банкнотите.

На прашањето на новинарот зошто морало да се избрза и на ваков начин да се донесе законот, Џафери рече дека воопшто не се брзало и тој на претставниците на опозицијата им понудил да пробаат да усогласат некои од ставовите преточени во амандмани.

На крајот тој истакна дека е свесен, дека овој начин на донесување на законот можеби ќе влијае на неговиот личен рејтинг, пред се кај македонското гласачко тело, но дека по некое време, сите граѓани ќе сфатат дека тој всушност го повлекол вистинскиот потег.

loading...