ВИДЕО: Страшно невреме во Охрид – езерото голта се пред себе

АКЦИЈА

Огромни бранови предизвикани од силен ветер ги уништија летните бавчи покрај охридското крајбрежје. Ветерот со брзина од околу 90 километри на час носел се пред себе и предизвикал многу штети во градот.

-По плажите е ужасно! Се што е покрај езерото е под вода! Ветерот направи лом, како да паднала атомска бомба. Кафулињата Аквариус, Кадмо и многу други, се е однесено од водата. Во опасност се и прикотвените бродови, ни изјави охриѓанецот Ване Петкоски.

На социјалните мрежи охриѓани од пред неколку часа споделуваат фотографии и клипови од невремето.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат пороен дожд и силен ветер и за утре.

Публикувахте от Marija Saveska в 17 март 2018 г.

loading...