Куршум во писмо за Коѕијас заради ,,македонското прашање“

АКЦИЈА
loading...

Грчкиот портал iefimerida.gr , објави дека пред посетата на Македонија, на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас , му било доставено писмо-пратка со куршум.

Пораката била дека куршумот е заради неговата улога во решавање на ,,македонското прашање“.

Пратката била дистрибуирана на почетокот од неделата што изминува до Министерството за надворешни работи, адресирана за министерот Коѕијас.

Во писмото имало и порака во која меѓу другото се потенцира дека тој наскоро ќе отпатува во Скопје за да ги продолжи преговорите за името .

Пратката и куршумот се испратени на вештачење. Никос Коѕијас добивал заканувачки писма и на почетокот на февруари и тоа повторно заради ,,македонското прашање“.

loading...