Апасиев за законот за јазиците

АКЦИЈА
loading...

Без потпис на претседателот законот е мртвородено чедо не може да влезе на сила, вели професорот Димитар Апасиев во емисијата „Топ Тема“ .

Тој е дециден дека без указ нема закон и дека нашиот Устав има уставна празнина. Апасиев не спори дека Иванов има обврска дека треба да го потпише законот, но потенцираше дека нема рок до кога треба да се направи тоа што значи дека тоа може да трае до недоглед.

-Таков пример имавме во 2001 година кога Борис Трајковски одби да го потпише законот за привелегии на пратениците. Не постои пример во досегашната историја закон да влезе во сила без потпис на претседателот. И да го објават тој нема да биде закон и законот ваков каков што е ќе падне во заборав. Талат Џафери не може да го замени потписот на Иванов, рече Апасиев.

Апасиев потенцираше дека Талат Џафери 5 пати го прекршил Уставот и законите.

Тука ја спомена и довербата која ја уживаат СДСМ и ДУИ па дури и да се соберат гласовите заедно тие немаат толку гласови и легитимите колку што има претседаелот Ѓорѓи Иванов. Тој посочува дека кога се прекршува силеџиски деловникот и Уставот тогаш што друго може да се очекува.

Според него претседателот Иванов се повикува на заштита на јавниот интерес. Во случајов со овој закон Апасиев вели дека е загрозен АСНОМ- скиот дел на Уставот. Тој е убеден дека не може да има правна санкција кон претседателот освен да повикаат на импичмент, но немаат доволно гласови. Апасиев додава дека да имаа до сега уште наредниот ден тоа ќе го направеле.

Од аспектот Законот за употреба на јазиците и неговото наводно разгледување од Уставниот Суд, Апасиев вели дека секоја дебата на таа тема е безпредметна дека законот воопшто нема ни да стигне до Уставниот суд.

– Без потпис законот нема да стигне до Уставен суд. Хипотетички уставниот суд може самиот да покрене иницијатива. Прво пречекорен рокот од 30 дена кој е преклузивен рок. 30 дена е деловничкиот рок во кој мора да го донесете законот. Од аспект на содржината на законот таму имате колку сакате прекршување на уставот. Во секоја евроспска земја има граници до каде малцинските права се заштитуваат. Овде нема граница со новиот закон за јазици, вели Апасиев.

Професорот е убеден дека овој закон е октроиран и наметнат и нема да може да влезе во сила. Ова е според него е само за исполнување на политички хирови и воксреснување на ДУИ. Тој додава дека треба да се отвори јавна расправа во која ќе бидат вкллучени лингивсти и правници а не вака да се добиваат надриписарски текстови па сега да се дебатира тука со месеци дали е законот добар или лош.

loading...