СИТЕ ПРОЦЕДУРИ СЕ ПРЕКРШЕНИ ОД ЏАФЕРИ!

АКЦИЈА

Професорката Гордана Силјановска во вечерашното гостување во емисијата „Ноќно студио“, која се емитува на телевизија Телма, зборуваше за сите прекршени правила и елементи на Деловникот на Собранието, како и за насилно изгласување на Законот за употребата на јазиците во Собранието од страна на пратениците на СДСМ и владејачкото мнозинство.

Според Силјановска процедурата е гаранција за демократијата.

-Првото прекршување Владата праќа предлог – закон до Собранието. На предлог законот стои европско знаме. Европско знаме се става на закон кој што се усогласува со acqui со европското право, во случајот мора како што вели Деловникот точно да се наведе, член 135, став 4. Кога се врши усогласување во воведот се наведуваат податоците за изворниот акт на ЕУ со полн назив, број и датум, а овде тоа го нема. Со предлогот на законот се поднесува изјава за усогласеност на одредбите, опис на надлежниот министер и јасно наведување на правниот акт на ЕУ со кои се усогласува законот, нема, истакна Силјановска.

Според професорката кога предлагачот односно Владата го предложила законот и ја прекршила процедурата, претседателот на Собранието на Република Македонија требало тука да постапи, бидејќи тој се смета за бранител и чувар на процедурата.

-Претседателот апсолутно требало да го врати предлог – законот назад. Да ги предупреди дека треба да го дополнат законот со потребните податоци и ако не го дополнат во рок од 15 дена значи се смета дека предлог – законот не е поднесе, потенцираше Силјановска.

На прашањето: дека Еврокоместарот Хан изјавил дека законот за двојазичност не е приоритет за Република Македонија, Силјановска кажа дека тогаш се трга европското знаме зошто европското знаме е премногу важно за кандидатите за да го злоупотребувате и законот оди во редовна постапка.

Второто прекршување е тоа што законите секогаш се испраќаат во матичното тело. Матично тело по овој закон, бидејќи тој закон не е закон на усогласување, туку закон кој се однесува на материја која што нема директива, оди во комисија за политички систем, а не во комисија за европски прашања.

Силјановска со ова констатираше дека третото кршење е во тоа што овој закон за двојазичност не може да се носи по скратена постапка туку ќе се носи во редовна постапка. Според нејзе Силјановска четвртото прекршување во процедурата на поднесување на предлог законот од владата на СДСМ е средствата, односно финансирањето на обврските кои произлегуваат од овој закон.

Бидејќи за тој закон уште во воведот се вели дека има многу, многу средства што треба да ангажираат, член 140 ако предлог-законот содржи одредби со кои се ангажираат финансиски средства, тогаш мора да оди и на комисија за финансирање.

loading...