Мали и здрави промени во навиките што многу ќе ви ја намалат тежината

АКЦИЈА
loading...

Познато е дека губење на поголема телесна тежина е тежок процес, особено ако сакате да останете здрави на крајот. Доколку ја немате дисциплината или пак не сакате да се изложите на ригорозен режим со оваа цел, има повеќе мали работи што може да ги направите, што ќе резултираат со поголемо намалување на тежината со текот на времето.

1. Држете се до листата на пазарење
Изгледот на производите и начинот на кои се наредени во маркет, се такви за да ве натераат да ги купите. Особено нездравата храа. Затоа направете список од дома и држете се до него кога пазарите.

2. Избегнувајте ги газираните пијалаци
Има алтернативи за сокчиња што се многу подобри од газираните. Истражувањата покажале дека една лименка ваков сок дневно може да ја зголеми телесната тежина за 7 килограми.

3. Мијте ги забите почесто во текот на денот

Со ова ќе го „измамите“ мозокот да мисли дека јаде.

4. Легнувајте си порано
Истражувањата покажале дека ненаспноста води кон повеќе јадење, особено кога сте будни доцна во ноќта.

5. Движете се околу страничните рафтови во маркет
Благите и грицките обично се во централниот дел, а здравите на страничните. За да не се доведувате до искушение, држете се на страна.

6. Наместо да се форсирате да отиде во фитнес сала, најдете надворешна забавна физичка активност (трчање, возење велисипед, искачување итн.)

7. Исфрлете ги алиштата што ви се прешироки
8. Гледајте во сино
Истражувања покажале дека сината боја нè прави помалку гладни, затоа многу ретко се забележуваат рекламни билборди за храна во оваа боја. Она што може веднаш да направите, е да купите сини чинии и син чаршав за маса.

9. Паркирајте го автомобилот подалеку од дестинацијата
Секако, ако имате време и временските услови го дозволуваат ова. Мала прошетка ќе има ефект на телесната тежина на долгорочен план.

10. Ставете сенф наместо високо-калоричен мајонез на сендвичот
11. Помали чинии, помалку храна

Вака не само што ќе јадете помалку храна, туку и потсвесно ќе мислите дека полнење на чинијата по втор пат ќе ви биде одвишок.

12. Јадете повеќе наутро, помалку навечер
Јадењето повеќе наутро го активира и забрзува метаболизмот, а исто така ќе имате време да ги согорите овие калории во текот на целиот ден. Навечер, не баш.

13. Зачинете го јадењето со малку луто
14. Наместо да го пржите, печете го месото на скара
Со ова, истото ќе се зготви во својата масност, без да го „бањате“ во масло.

15. Пијте вода
Ова е особено важно од повеќе аспекти, а еден од нив е фактот што го полните желудникот со течност и ја одложувате желбата за храна.

16. Исфрлете го млекото од кафето

Со додавање на млеко во кафето, годишно може да накачите два килограми плус.

17. Јадете помалку, повеќе пати во денот
Со ова, метаболизмот ќе ви биде активиран цело време и ќе согорува. Ако правите огромни паузи меѓу оброци, ќе правите вашето тело да врши напори за задржи повеќи, отколку да согори.

loading...