Иванов е должен да го потпише указот само доколку Законот е донесен со 2/3 мнозинство

АКЦИЈА

Што вели Уставот? – Иванов е должен да го потпише указот само доколку Законот е донесен со 2/3 мнозинство
Во член 75 од Уставот се вели дека во Македонија законите се прогласуваат со указ. Указот може да го потпишат претседателот на државата и претседателот на Собранието. Ако Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.

Во истиот член од Уставот пишува дека претседателот е должен да го потпише указот, само доколку законот е донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ова, во случајот со Законот за употреба на јазиците не е случај затоа што овој закон е донесен со 64 гласа „за”, а не се двотретинско мнозинство, анализира порталот МКД.мк.

Законот се смета за донесен само тогаш кога претседателот на Републиката ќе го потпише указот за негово прогласување.

Веќе се заговара дека претседателот на Собранието Талат Џафери може да го потпише указот на местото на Иванов.Според член 82 од Уставот функцијата претседател на државата ја врши претседателот на Собранието, само во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката.

Претседателот Иванов веќе рече дека нема да потпише ваков закон затоа што е неуставен.

„Кога го вратив Законот за употреба на јазиците, детално и правно ја образложив мојата одлука. Побарав од вас внимателно да ги разгледате моите забелешки и очекував да постапите одговорно, совесно и како што налага Деловникот на Собранието. Внимателно го следев вашето делување во собраниските комисии и на пленарните седници. Начинот на кој по втор пат го изгласавте овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Се надевам дека сте свесни за преседанот што го правите и за последиците и штетите по правото и правната држава, што во иднина можат да произлезат од овој преседан. Не само што го злоупотребивте европското знаме на овој закон, туку ги прекршивте и сите правни процедури, постапки и рокови во начинот на неговото носење”, се обрати вчера и до пратениците претседателот Иванов.

loading...