Прочистете ја крвта со овие намирници

АКЦИЈА
loading...

Копривата е дводомна билка со големи корени. Стеблото е исправено и достига висина до 1, 1 и пол метри. Листовите се разгрануваат наспроти, срцевидни се, зашилени, пилести со кратки врвови.

Се користат листот, коренот и семето. За лек во пролет и есен се собираат корените. На пролет со собираат и листовите и стебленцата. А целата билка, т.е. може да се користи во текот на целата година. Семето се собира во август.

Таа е лек за чистење на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење, туберкулоза на белите дробови, бронхитис, воспаление на зглобовите, камен во бубрегот, зараснување на рани, против зрачење, слабокрвност, чир на желудникот, несоница, нервоза.

Листовите од свежата коприва изобилуваат со витамините Ц, А, Б2 и К, каротен и пантотенска киселина, калциум, фосфор и железо. Со еден збор, во нив се крие вистински провитамински концентрат.

Ова растение ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсичните материи од организмот. Научно е докажано дека го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа им се препорачува на лицата кои боледуваат од дијабетес.

Докажана е делотворноста на копривата во запирање на крвавењето, па често се користи при обилни менструални циклуси, крвавење од матката и слични состојби.


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Згответе коприва со шеќер, потоа оставете да отстои. Додајте сок од лимон и мед.
Добиената течност процедете ја и држете ја на студено место.

Прочистете ја крвта со ајдучка трева

Во народната медицина ајдучката треба зазема посебно место во лекувањето на неправилни и нередновни менструации кај младите жени, и отстранување на непријатните симптоми во климаксот. Една шоља чај од ајдучка трева дневно, доволна е да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат голем број на припаднички на понежниот пол.

Силниот чај од ајдучка трева го регулира и го прочистува крвотокот, па добро е да се пие при внатрешни крварења, крвава столица, крварење од носот како и кај други рани. Помага и при менструални тегоби и ги ублажува грчевите.

*Против нередовна менструација се пие 3-4 пати по една чаша силен чај и тоа два дена пред менструацијата.

*Грчевите во желудникот и цревата ќе се смират ако трипати дневно пиете по 200 мл топол напиток, зошто поттикнува лачење на плувачка, желудечни сокови и желудечни киселини.

*Посебно се препорачува на луѓе со висок крвен притисок.

*Во вид на облоги оваа билка е добра за стопирање на крварењето од рани.

СОВЕТ: долгорочното користење на преголеми дози може да предизвика главоболки и пречувствителност на кожата од сончевите зраци.

Рецепт бр.1

Потребно:

20 г цветови ајдучка трева

1 литар вода

Подготовка:

Варете ги свежите цветови од ајдучка трева во литар зовриена вода околу 10-15 минути. Пијте 4 пати на ден по една чаша.

Рецепт бр.2

Потребно:

Лажичка сушени цветови ајдучка трева

250 мл вода

Подготовка:

Сувите цветови прелијте ги со чаша зовриена вода, поклопете и оставете да отстои околу половина час. За желудечни тегоби пијте по мала чашка двапати дневно, еден час пред јадење.

loading...