На нашиот Јане Велковски му се оствари желбата: Се сретна со Пол Погба! (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Синоќа, големата желба на нашиот мал херој, Јане Велковски се исполни и лично се запозна со својот идол Пол Погба, а покрај тоа го следеше и Манчестер Јунајтед од ложата на „Олд Трафорд“.

Деветгодишниот Јане, кој од веќе неколку месеци е дел од кампањата на УЕФА наречена „Equal Game”, пред два дена пристигна во Манчестер. Неговата авантура започна со фотографирање и собирање на автограми од повеќето ѕвезди на „црвените ѓаволи“, а истата кулминираше со запознавањето со Пол Погба, кој всушност на негова директна покана пристигна во овој град.

По нивната кратка средба во ложата на „Олд Трафорд“ заедно со своето семејство како и со семејството на Погба, малиот Јане беше пресреќен. Еве како изгледаше нивната прва средба:

По натпреварот пред збогувањето, Јане го изненади Пол со подароци и го покани да биде гостин во Македонија.

Дефинитивно Јане цел свој живот ќе ги памети овие моменти минати со Погба во Манчестер, но сигурно ќе сака што побрзо да го заборави резултатот од вчерашниот меч, бидејќи „ѓаволите“ загубија од Севиља и беа елиминирани од ова натпреварување.

loading...