Мицкоски: Законот се носи на денот кога почна војната во 2001 година

АКЦИЈА

За последен пат повикувам за разум, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Од мнозинството одговараат: Доста е, девет месеци трае дебатата за законот за употреба на јазиците. Се множат индивидуални повици за протест.

„Токму на денот кога отпочна воениот конфликт во Тетово (14-ти март – н.з), на дневен ред на парламентарна седница се става овој противуставен и неприменлив закон за употреба на јазиците“. Со споредба која ги оживува сеќавањата на периодот на меѓуетничкиот конфликт, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната средбата со жители на Конче го искоментира новиот обид за донесување на Законот за употреба на јазиците, на денешното продолжение на 32. седница на парламентот.

„Ова не смее да се дозволи. Лошо ќе влијае врз Република Македонија, за нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница, но и пред домашната јавност. За последен пат повикувам за разум – да се избегне едно девијатно однесување во парламентот и насилно усвојување на овој закон. Повикувам на почитување на Деловникот, разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, којашто ВМРО-ДПМНЕ ја очекува. Се друго ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние коишто ќе го поддржат во таа постапка“, предупреди Мицкоски.

loading...