ДОАЃА ЦИКЛОН ХЕКТОР – Еве што нѐ очекува

АКЦИЈА

Под влијание на циклонот по име ХЕКТОР за време на овој викенд не очекува нова ГОЛЕМА промена на времето.

Во сабота ќе биде невообичаено топло, спарно, тешко и многу ветровито со засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе достигнува брзина дури до околу 100 км/час.

Времето ќе биде променливо облачно а веќе од попладневните часови најпрвин на запад а подоцна насекаде ќе има врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално можни се ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследенисо засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

На граѓаните ги советуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат надвор и под осамени дрвја додека на овчарите ги советуваме своите стада да ги заштитат поточно да ги делат во помали групи.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

loading...