Апасиев: Џабе го носевте, ќе ви го кутнеме на Уставен

АКЦИЈА
loading...

Незадоволство и лавина реакции по денешното скандалосно и неустано изгласување на Законот за двојазичност.

Собранието на Република Македонија со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа.

Покрај укажувањата на многу интелектуалци, аналитичари, угледни професори, па и на претседателот на државата Ѓорге Иванов, за ризиците што ги носи овој закон, неговата неусогласеност со Уставот на Република Македонија и непримерното ставање на европското знаменце, законот денеска помина во Собранието.

Професорот Димитар Апасиев од Левица, кој и досега предупредуваше на неуставноста на овој Закон, најави иницијатива за оценка на уставноста на Законот и негово „кутнување“.

Тој во својот блог, вели дека „недозволиво и правно невозможно е со т.н. обичен закон да се уредува правна материја за чие регулирање e потребно минимум квалификувано мнозинство гласови по сила на устав. Претседателот на Собранието има само два избора: или пратениците ќе мора да ги разгледуваат 35.000 амандамни или законот ќе мора да падне во заборав, додека пак претседателот на државата ќе има право да се повика на т.н. џебно вето“.

loading...