Името Македонија, чека добар абер од Америка

АКЦИЈА
loading...

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров ја оцени како многу важна посетата на високиот американски функционер Вес Мичел во овој период кога се интензивирани преговорите за името. Македонија од американскиот функционер очекува охрабрување за решавање на спорот со Грција. Премиерот Зоран Заев рече дека доаѓањето на Мичел ја потврдува американската поддршка за членство на Македонија во НАТО и во Европската Унија.

Во пресрет на посетата на грчкиот шеф на дипломатијата, Коѕијас на Скопје, неговиот колега Димитров му порача јавно да не зборува за црвени линии во решавањето на спорот. Тој рече дека во ова фаза на преговорите страните се на најтешкото скалило, бидејќи ситуацијата околу името секој ден се менува.

Ниту Димитров, ниту премиерот Заев не го коментираат инсистирањето на грчката страна за промена на Уставот. Заев рече дека работат на изнаоѓање на достоинствено решение.

Високи владини, но и опозициски претставници на Грција постојано повторуваат дека решение за долгогодишниот спор може да се постигне само со едно име за севкупна употреба, што ќе подразбира и уставни промени во Македонија.

loading...