ГЛЕДАЈ И ПЛАЧИ, ЈАДНА МАКЕДОНИЈО!

АКЦИЈА
loading...

Бранко Героски на својот Фејсбук профил го објави интервјуто на Саше Политико со Бекир Асани со следниов коментар:

Во ова очигледно нарачано интервју, во кое оберкуртонот Саше Политико добил задача да го “испере” Беќир Асани, овој вториов го нарекува нашиот колега Насер Селмани “копиле” (14 минута), го навредува и кон него демонстрира ново вербално насилство. Нема реакција од власта, нема од СДСМ, нема од колегите на Насер, тотален молк и мрак. На власт се насилници и оберкуртони. Сплотени ко браќа. И никој не смее да писне… Јадна Македонијо!

Инспириран од „жалното“ интервју, Героски напиша и колумна. Оди вака:

И јас сум „копиле” како Насер Селмани!

„Колеги новинари, за ова ли се боревме? За живот за насилниците кои слободно и неказнето ќе не навредуваат и заплашуваат? За правото на некои малоумници коишто лажно се претставуваат за новинари и за поддржувачи на новата власт, слободно, преку своите парамедиуми, да ги шират тие закани во етерот и на тој начин да ја дисциплинираат новинарската заедница?

Колеги новинари, ве повикувам да го прекинете овој малодушен молк и сите заедно најостро да ги осудиме навредите и заканите од лицето Беќир Асани упатени кон нашиот колега Насер Селмани. Веднаш! Без страв! Без скрупули!

Знам дека некои од вас се зафатени со негување на своите нови фетиши, со одбрана на новата власт, со скицирање на “големата слика”. Факт е и тоа дека некои од нас во минатото жестоко полемизираа со Насер за разни прашања. Меѓу нив сум и јас.

Но, сите тие причини сега не можат да го оправдаат нашиот молк. На колегата Селмани, освен што му е потребна поддршка од меѓународниот фактор (ја добива) и 24-часовна физичка заштита од полицијата, најмногу ќе му значи нашата колегијална поткрепа. Апелирам до сите да му ја пружиме!

Во минатото, во слични прилики, умеевме и да протестираме. Еднаш дури и се судривме со полициски кордон. Зошто денес молчиме? Кого штитиме? Што браниме? Дали обидот пак да се заплашуваат новинарите и пак да живееме во медиумски мрак, под чизмата на цензорите и на нивните апологети?

За ова ли се боревме? За живот за насилниците кои слободно и неказнето ќе не навредуваат и заплашуваат? За правото на некои малоумници коишто лажно се претставуваат за новинари и за поддржувачи на новата власт, слободно, преку своите парамедиуми, да ги шират тие закани во етерот и на тој начин да ја дисциплинираат новинарската заедница?

Колеги, денес на удар е Насер, утре ќе бидеме јас и вие. Ако баш не сакате да бидете солидарни со нашиот колега, тогаш бидете себични и размислувајте за својата иднина. Утре вие ќе бидете наречени “копилиња” и ќе се обѕрнувате околу себе, очекувајќи некој да ве нападне и да ве претепа на улица.

И затоа, јас ви велам – или кренете го бунтовниот глас гордо високо, или кренете бело знаме и наведнете ги главите. Наведната глава сабја не сече…“

* * * *

Потсетуваме, денес (12 март) пред ЗНМ во 11 часот се повикуваат „СИТЕ КОПИЛИЊА“ ДА ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ВЛАДА:

„Почитувани колеги и загрижени граѓани,
Утре (понеделник 12.март) во 11 часот се собираме пред ЗНМ, од каде по кусата координација ќе се упатиме пред Владата на Република Македонија од која со ПРОТЕСТ ВО 12 часот ќе побараме на дело да покаже дека се залага за функионирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите. Повод за протестот се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани. Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари. Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. СИТЕ КОПИЛИЊА НА ПЛАДНЕ ПРЕД ВЛАДА!“

loading...