Неколку знаци кои укажуваат дека жените се најплодни во тој момент

АКЦИЈА

Мнозинството припаднички на понежниот пол ги следат своите плодни и неплодни денови, но и физичките симптоми кои ги чувствуваат, па точно знаат да одредат кога се во овулација.

Кој е најочигледниот знак? Жената се чувствува полетно.

Меѓутоа, знаете ли дека постојат и посуптилни знаци, кои исто така откриваат кога жените се најплодни? За личностите што добро ги познаваат, невозможно е да не ги забележат кога ќе ги сретнат во деновите на овулација.

Во продолжение, ви откриваме седум од нив:

1. На жената ѝ се зацрвенуваат образите
Блескавата и руменикава кожа е знак за младост и плодност. А, согласно спроведеното истражување на Универзитетот во Глазгов, кожата од лицето на жените што се во овулација, станува видливо порозова или поцрвена.

Ваквата промена настанува поради хормонот естрадиол, кој зголемено се излачува за време на овулацијата, па очевидно ја издава жената дека е плодна.

2. Се облекува во црвена боја
Според резултатите од научното истражување од 2013 година, поголема е и веројатноста дека жените во овулација ќе одберат гардероба во црвени нијанси. Притоа, ваквиот податок има и теоретска подлога, според која припадничките на понежниот пол тогаш потсвесно ја избираат црвената нијанса, со која ќе го привлечат вниманието кон себе.

Смелата црвена боја ги возбудува мажите, па не зачудува што жената чувствува силна потреба да ја носи, во деновите кога и нејзината желба за секс е особено изразена.

3. Нејзиниот глас е поразличен
Жените можеби нема ни да ја забележат промената, но не и мажите, особено ако малку повеќе обрнат внимание. Во деновите кога жената е најплодна, гласот вообичаено ѝ е позарипнат. Која е причината?

Kако што хормоните влијаат на грлото на матката, тие исто така влијаат на ларинксот, грлото и гласните жици.

Варијациите во количината на овие хормони можат да предизвикаат варијации во протокот на крв, оток и задржување на водата во гласните жици, така што гласот станува помек или порапав, односно доаѓа до промена на бојата во зависност од циклусот.

4. Поцврсто се ракува
Иако физичката сила честопати се користи како начин за идентификување на сексуалната моќ на мажите, резултатите од најновите испитувања покажуваат дека истата може да биде подеднакво важен параметар и за припадничките на понежниот пол.

Според истражувањето на Универзитетот во Колорадо, жените кои повцрсто ја стискаат дланката при ракување, воедно имаат и поголем репродуктивен потенцијал. Јачината е надворешен сигнал за здравјето и може да се користи како суптилен показател за добра плодност, заклучуваат истражувачите во својот научен труд.

5. Се разубавува во ликот
Жените успешно ја „рекламираат“ својата плодност преку нивните лица, благодарение на дополнителниот естроген со кој е придружена овулацијата. Биолошките знаци на ликот се слични на ефектот на малку кармин и маскара.

Во прилог на ова, говори и истражувањето во кое на мажите ги оцениле жените во овулација како попривлечни во целина, дури и ако не можеле да издвојат одреден дел кој посебно им се допаѓа.

6. Позаводливи ѝ се движењата
Ако се чувствува секси и е свесна за тоа, тогаш со сигурност ќе се прикаже низ нејзините движења. Верувале или не, резултатите од уште едно интересно истражување, откриваат дека кога се во најплодната фаза, стриптизерките заработуваат 80 проценти повеќе бакшиш.

Притоа, заводливоста не им е својствена исклучиво на еротските танчарки. За сите жени во овулација, голема е веројатноста дека ќе изберат попровокативна облека, ќе танцуваат на посекси начин, па дури и ќе чекорат поинаку од вообичаеното.

7. Жената има повитка линија
Последната интересна информација на оваа тема, ја oткри неодамнешното истражување објавено од Националната фондација за наука, според кое жените се помотивирани да ја намалат телесната тежина за време на овулацијата.

Претпоставката е дека ова се должи на зголемената желба да изгледаат најдобро, како би го привлекле спротивниот пол. За разлика од нив, кај останатите дами не се забележани такви флуктуации на калориите.

loading...