Еве ги добрите карактеристики на хороскопските знаци

АКЦИЈА
loading...

Вага

Ако имате Вага за пријател, веројатно сте разгалени. Секој следен кој би бил на нејзиното место, тешко би можел да оди на чекор со неа, значи кога станува збор за љубезност, шарм, дружељубивост и такт. Таа не сака неред и валкани работи. Вагата или работи премногу или ништо не работи.

Секако, таа знае и кога да се одмори и да престане со работа. За неа постои време за излегување и подготовки, а секогаш има некој што нестрпливо ја чека. Таа има време за разговор во кафуле, време кога ништо не се работи и време кога само се работи. Вагата знае кога и’ е потребен совршен одмор за да воспостави рамнотежа во својот организам. Таа е многу вешта во одржувањето на таа комплицирана физичка рамнотежа. Но, не може инстинктивно да ја постигне психичката и емоционална рамнотежа. Вагата е весела личност и многу ретко можеме да ја видеме нерасположена. Таа поседува големо богатство од чувства пред се’ позитивни.

Кога се под притисок за да ги задоволат луѓето носат брзи одлуки, но потоа пак ги менуваат. Но, ако им дозволите да одат по своето темпо, тогаш нема да ја менуваат одлуката што ќе ја донесат. Имаат силна волја, но незабележлива под љубезното и дипломатско однесување.
Вагите ги сакаат луѓето, но не сакаат да бидат во толпа луѓе. Тие се гулаби на мирот, одат наоколу и се посредници за смирување на скараните луѓе. Но, тие само понекогаш сакаат добра расправа. Вагата има благ, искрен и чувствителен карактер. Таа е интелигентна со отворен дух и возвишени и длабоки чувства со развиена љубов за убаво. Вагата има интуиција, така што се’ и’ оди без грешка, до сознание дали предизвикува симпатија или антипатија кај другите луѓеви секогаш знае природно да се однесува во секоја ситуација. Вагата во одредени ситуации е смирена и шармантна.

Скорпија

Скорпијата е мирна, силна, јака и одлучна, необично пожртвувана. Ако сакате пријател кој ќе се бори на вашата страна, викнете ја Скорпијата. Ако таа е со вас можете да бидете сигурни во нејзината потполна поддршка и таа не е тип на личност која ќе оди околу барајќи праведно решение, многу е пристрасна, но во ваша корист.

Има многу противречности во самата природа на Скорпијата. Таа е извор на неугасива борба од страст и чувства. Иако Скорпијата е детектив кој душка по туѓите скривалишта, самата таа има повеќе тајни од кој и да било друг. Нејзина најизразена особина е воздржувањето и ова личностите кои се родени во овој знак се по малку таинствени. Оваа личност не дозволува се дојде до нејзините најинтимни и најскриени сфери и успешно од сите ги крие своите слаби точки. Таа има силна интуиција што и’ овозможува да ја разоткрие вистината и да го раздвои лошото и доброто.

Скорпијата е динамична и брза и многу често води борба со самата себе. Нејзината тајна е љубов или омраза. Има страв од тоа некој да не ги повреди нејзините чувства и самопочит. Кога Скорпијата ќе стекне доверба во некој, никој тогаш не е толку лојален, приврзан и добар како неа.
Скорпијата секогаш на доброто одговара со добро и на симпатијата со симпатија. Таа е цврста, во своите одлуки, истрајна е во акцијата, способна е да ги сконцентрира сите свои сили во правецот на идеалите кои сака да ги постигне. Огромната сила на оваа личност буквално може да експлодира во моментот на акцијата, но Скорпијата е поефикасна во одбраната, отколку во нападот, колку и да крие, оваа личност е преполна со добрина и има длабока почит кон другите луѓе.

Скорпијата е апсолутист. Оваа страна на нејзиниот карактер најдобро се покажува во љубовта, како и во пријателствата. Чувствата како што се симпатија или антипатија се јавуваат веднаш по првата средба. На Скорпијата и’ е тешко да одржува површни односи. Чувствата и’ се длабоки, па нејзините пријателства се вистински. Нема ниту морални ниту друштвени предрасуди и често одржува односи со личности со многу посебен карактер или активности. Ретко се согласува на компромиси и секогаш се стреми кон правилното. Но, нејзиното пријателство секогаш може да се стави на проба: „Скорпијата нема никогаш да изневери никого“.

Личноста родена во овој знак е внимателна и многу амбициозна, трперлива и многу упорна, спој кој води кон успех. Таа вредно работи во тишина и ја чека својата можност, шанса, секогаш знаејќи за своите квалитети. Своите најдобри особини ги покажува во медицината, политиката и науката. Меѓутоа, ретко може да дојде до врвот кон кој се стреми.

Стрелец:

Стрелецот се карактеризира со високи принципи, морал и фантазија, но исто така и е многу искрен. Тој е срдечен, отворен, пријателски настроен, љубопитен и паметен. Тој многу ужива во друштво кое е собрано набрзина. Многу сака ненадејни патувања, непредвидени настани, верува во спонтаност и игра забава и смеа. Тој е роден оптимист, разумен е и логичен.

Животот за Стрелецот е забава, спорт и разонода, со што помалку обврски по можност. Тој сака чести предизвици, по нови неоткриени места и се преобразува во немирен скитник кој никогаш не е сигурен дали тоа што го има навистина е тоа што го сака. Стрелецот нема никаква лоша намера и не знае што е лошотија. Се’ што зборува е изречено несвесно и наивно и не е свесен за свооите зборови.

Тој секогаш мисли добро и има бистар ум со високи животни норми. Искрен е и не може да излаже никогаш ништо. Не знае да се претвара, неверствата му се непознати. Стрелецот има немирен дух, се карактеризира со висока интелигенција и секогаш се труди да ја збогатат културата и духот. Среќен знак е, често игра, ризикува и добива. Ако бидете близу до Стрелецот, секогаш таму нешто се случува, има многу луѓе или многу добро ќе се забавувате меѓу четирите ѕида.

Јарец:

Личностите родени во знакот на Јарец се опкружени со меланхолија и сериозност, затоа што такво е влијанието на планетата Сатурн. Тој е многу амбициозен и остроумен и и секогаш ги добива најдобрите работни места, највисоките признанија и ма крај ги прескокнува сите оние кои мислеле дека не може да биде опасен. Јарецот делува безопасно, но е многу жилав, силен и тврдоглав. Личностите родени во знакот на Јарец се поделени на два типа. Едниот Јарец е дивокозата која секогаш оди кон врвот, а другиот е домашно животно кое не може да го достигне, дури и најосновното. Значи за тие Јарци кои одат кон врвот и успеваат се всушност дивокозите. Јарецот никогаш не отстапува од својот пат. Тој сигурно и непоколебливо оди кон врвот.

Јарецот се восхитува на тие што стигнале на врвот пред него. Во општествениот живот тој е безгрижен тип кој сака дружење и приеми, тој е набљудувач во позадина кој се восхитува на другите. Јарецот е издржлив, спретен, сериозен и лојален. Можат да поминат повеќе години без никаков напредок, но одеднаш можа да се случи да се вивне во височините, за кои одсекогаш бил сигурен дека му припаѓаат.

Личностите родени во знакот на Јарец ги почитуваат авторитетите и традицијата. Личноста која владее со Сатурн не се покорува. Тој може да им даде предност на другите да тргнат пред него, но, секако тој ќе стигне прв. Јарецот не се занимава со туѓите работи, ниту со озборувања и е секогаш внимателен.
Со добродушност и внимателност Јарецот го чува минатото од заборав. Како поминуваат годините Јарецот се’ подобро изгледа за разлика од другите. Тој само за момент ќе се сети  на својот неуспех, но продолжува напред и веќе не размислува за минатото. Тој не само што многу добро изгледа, туку и со текот на годините станува позадоволен и поведар.

Водолија:

Водолијата претставува личност која е подготвена на се’ и е вистински индивидуалист, борбена, срамежлива, бунтовник со независен дух кој секогаш ги испитува сите. Таа има идеи, кои  се  необични и нови. Личностите родени во знакот  на Водолија многу често  експериментираат и мошне се љубопитни за да ги откријат тајните. Имаат чуден поглед во далечината како да крие магија или тајни сознанија во кои никој друг не може да влезе. Таа личност која изгледа како да е оддалечена илјада километри, всушност ве анализира под  невидлив микроскоп, а тоа може да биде само Водолија.

Водолиите се полни со изненадувања, имаат неочекувани реакции, а однесувањето им  е непредвидливо. Тие се подготвени  да поддржат изгубен случај или да се борат за пропадната работа и за големо чудо, на крајот времето покажува дека биле во право. Имаат чувство добро да предвидат некоја одредена работа.

Овие луѓе многу лесно можат да се препознат поради честата употреба на зборот „другар“ или „пријател“. Водолиите живеат во некоја чудна изолација и најчесто не се добро сфатени од околината. Поради тоа што Водолијата живее во иднината и само на кратко  се враќа назад во сегашноста, многу земни души на неа гледаат со огромно чудење и неразбирање. Водолијата тоа го чувствува и се’ повеќе оди во изолација. Но, тоа што другите не се во состојба да фатат чекор со неа, за Водолијата тоа не е причина да заостане или да оди наназад.

Астролозите често велат дека тоа што Водолијата го размислува денес, светот ќе го мисли дури по  педесет години. Тоа е вистина до некаде, но голем е јазот меѓу Водолијата и светот на денешницата. Овој знак е познат како знак на генијалните луѓе. Водолијата никогаш не доцни на состаноци. Многу е романтична и можеби нема да се сети  на роденденот или на некоја друга ситница, но за да најде нешто многу важно што е за нејзината блиска личност, ако треба ќе ископа се’ што може, ама ќе го најде тоа што треба. За неа велат дека е чудна личност како да дошла од некоја друга планета.

Риби:

Лесно се препознава Риба – таа има посебен, помалку тажен поглед. Со Рибите владее планетата Нептун. Под тој знак се родени: поети, сонувачи, чувствителни, немирни, фантазери и интуитивни. Многу често го менува своето расположение.

Рибите светот го гледаат преку розови очила. Тие сакаат да живеат во великодушен свет во кој се сите задоволни и добро се однесуваат еден кон друг. Рибите можат многу често да избегаат во својот свет на соништата. Овие личност се индиферентни кон разни варијанти на ограничувања, доколку не им забрануваат да фантазираат и да чувствуваат на свој начин. Обично избегнуваат конфликти, гледаат да поминат со мирен став, без да влезат во кавга, само гледаат на крајот, лутината, ако постои кај нив, мирно да помине.

Од една страна тие можат да бидат со независно однесување, издржливост, извонредни, работни способности, а од друга страна тие се нежни и чувствителни суштества, кои своите дела ги создаваат со чувства, но сепак се вешти и можат добро да се грижат за себе, ако е тоа потребно.

Кога се задоволни со чувствата, тогаш можат  да кренат и планини, а имаат и неограничени можности, посебно ако поседуваат некој дар или создавачки способности, што често се случува.

Рибите секогаш имаат разбирање за другите луѓе и секогаш се добронамерни нивните совети. Можат да направат многу ситни, но и крупни работи за луѓето со големо задоволство. Тие живеат во осаменост и често претставуваат енигма за сите околу себе и нивните пријатели, а тие што ги сакаат треба да ја употребат целата своја фантазија за да ги раберат чудните планови кои има се вртат во главата. Но, овој знак е посилен и помудар од она што се мисли за него.

loading...