Советникот на Путин: Македонија ќе добие било каква помош од Русија!

АКЦИЈА
loading...

На покана од новоименуваната партија „Единствена Македонија“, во нашата земја изминатиот викенд гостуваше еден од главните советници на рускиот претседател Владимир Путин, светскиот експерт за геополитика Леонид Савин.

Нашиот медиум ја имаше честа преку ексклузивно интервју да ги пренесе неговите гледишта за македонските состојби и за состојбите во светската геополитика.

МАКЕДОНИЈА 365: Господине Леонид Савин, веќе сте по вторпат во Македонија. Од првиот пат поминаа две години. Што според вас е променето до сега?

– Да, токму така. Пред две години дојдов да ја запознаам Македонија. Тогаш забележав една напната ситуација во која се правеа разни проблеми во обид да се промени тогашната власт. Сега е веќе променета таа власт. Ете, тоа е прво нешто што е променето.

МАКЕДОНИЈА 365: Вашата мисија овојпат е сосема приватна или во мисија на мисијата од „Единствена Македонија“. Или во мисија на „Единствена Русија“?!

– Да појаснам, ние овде не ја претставуваме руската држава, туку рускиот народ. Ние сме претставници на Евроазиската Унија или евроазиското движење. Овде сме, како што и знаете, на покана на раководителите од „Единствена Македонија.“

МАКЕДОНИЈА 365: Ги слушнавме претходно и гледиштата на првите луѓе на „Единствена Македонија“ и, како што тие предлагаат, ние во Македонија треба да се стремиме кон Евроазиската, а не кон Европската Унија. Вие, секако, знаете зошто?!

– Не е наше да се мешаме во другите држави, а искажуваме категорички дека единствено на Македонија е, и на македонскиот народ, правото да избере во каков сојуз ќе се придружи и со кого и како ќе соработува.

МАКЕДОНИЈА 365: Македонија е мала земја и од една страна е во огромен наплив од евроатлантските структури, веќе со децении, но, за жал, ние, како Македонија сė уште тапкаме во место. Како Русија гледа на овие македонски состојби и колку може Русија со нејзината геополитика и геостратегија да помогне за Македонија да се одлепи од дното или од површината за да се искачи на едно повисоко скалило, на еден заслужен пиедестал?

– Проблемот е токму во тоа што Европската Унија, преку наводната евроинтеграција, мошне лукаво го руши и го одзема суверенитетот на секоја од земјите кандидати за влез во таа заедница. Русија добро ги разбира работите со Европската унија и нејзината намера не е нималку алтруистичка. Оттука и решението да се биде барател и кандидат за членство во Европската Унија и не е толку добра работа или придобивка, особено кога гледате како и внатре во Унијата веќе постои огромна криза. Доволно е да се спомене случајот со Велика Британија.

Наспроти ова, позицијата на Русија е сосема поинаква. Русија се залага за зачувување на суверенитетот на сите мали земји, за зачувување и самопопределување на секоја од малите земји. Тоа исто важи и за името на секоја од земјите, како што денес тоа е, за жал, проблем, европски проблем со негирањето на името на Македонија… Секако, универзално решение нема, но треба да се согледуваат работите онакви какви што се, а не да се извртуваат историски или политички. Еве, на пример, ние долго време не ја признававме Јужна Осетија, но кога Грузија се обиде да ја припои таа територија, ние им помогнавме на Осетија и сега имаме одлични односи со неа.

Целото интервју можете да го прочитате тука

loading...