Грчев: Ќе препорачаме отстранување и на албанските споменици од „Скопје 2014“

АКЦИЈА

Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“ – Мирослав Грчев, во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека тие имаат ист однос кон сите споменици, без разлика дали се македонски или албански.

„Околу плоштадот во рамки на Скопје 2014 има три албански споменици. Сите три се поставени од општината, а не од Собранието кое единствено има надлежност да поставува споменици. Ви гарантирам дека за тие споменици препораката ќе биде да се отстранат, а местото да се врати во првобитна состојба“, рече Грчев.

Во продолжение погледнете ја целата дебата во „Само вистина“, во која противник на Грчев му беше Филип Петровски:

 

 

loading...