РЕЦЕПТ: Превкусна брза и посна торта со уште поубав изглед

АКЦИЈА
loading...

Додека трае Велигденскиот пост, сите се обидуваме да најдеме интересни и вкусни рецепти, за да не биде еднолична храната додека потиме.Направете вкусна посна торта за брзо време.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се меша пудингот со шеќерот и се додава малку сок за да нема грутки, а остатокот од сокот се става да врие и се вари во него пудингот и се меша додека не згусне.

Се додава исечен маргарин и се меша да се стопи, па се трга од оган да се лади смесата.

Исечете ги желе бонбоните, чоколадото и оревите, а бисквитите ситно искршете ги или изронете ги.

Ставете ги бисквитите во голем сад со пудингот, желе, ореви и чоколадо и измешајте.

Полека мешајте од долу нагоре за да се соедини.

Ставете ја смесата во фолија и израмнете, па оставете да се стегне преку ноќ во фрижидер.

Утредента ставете го на чинија, па растопете 150 гр. чоколадо со 3 лажици масло во микро околу 15 секунди и ставете го ова горе како глазура.

loading...