Играчот на Арсенал чија мајка е просјак

АКЦИЈА
loading...

Арсен Венгер во потрага по идеалната постава често знае да им даде шанса на младите фудбалери, а ако некој се офајди од таквиот негов пристап оваа сезона, тогаш тоа дефинитивно е 21-годишниот Енсли Мајтланд-Најлс кој честопати се најде во прв план на левата бековска позиција.

Фудбалерот кој лесно може да се снајде и на средината на теренот остави добар впечаток со својот пристап и со оглед на тоа дека станува збор само за 21-годишник, но сега една негова приказна поврзана за приватниот живот ја шокираше англиската јавност и предизвика многу реакции меѓу медиумите.

Младата ѕвезда на Арсенал се уште нема професионален договор и се води според плата за младински фудбалер, но иако заработува околу 250 илјади фунти неделно, шокирачки е фактот дека неговата 38-годишна мајка Џул живее како бездомник во контејнер.

За разлика од неа, Мајлс и неговиот брат живеат во луксузен стан од 700 илјади фунти во Северен Лондон кој им е обезбеден од Арсенал, а англиските медиуми се уште не можат да ја откријат вистинската причина поради која фудбалерот на „топчиите“ вака се однесува кон својата мајка.

– Живеам во метален контејнер. Немам ни тоалет, ниту ништо најосновно за миење. Мојот син Енсли може да ми купи мало станче со платата која ја добива. Мојот син игра за Арсенал, но јас сум бездомник и живеам во единица за складирање отпадоци. Јас ги сакам моите синови, не е важно ако утре ги загубат сите пари. Сакам само да знаат дека ги сакам, – порачува Џул во интервјуто за „Сан“.

loading...