А1 телевизија повторно на екраните

АКЦИЈА
loading...

А1 телевизија се враќа во етерот, но овој пат како телевизија која ќе емитува програма он- лајн, дознава Скопје Инфо. Името на медиумот ќе биде телевизија „еден“, а главен уредник ќе биде Бојан Јовановски – Боки 13, според нашите сознанија

Дел од телевизиската екипа ќе бидат Ацо Кабранов, Гордана Дувњак, Христијан Стојчевски, Анета Кочишки и други ликови кои оставиле свој белег во некогашната А1 телевизија.

Каналот ќе понуди богата информативна и забавна програма за сите возрасти, која се разликува од сите останати во регионот. Информациите од областа на бизнисот, спортот, културата и забавата ќе бидат од регионален карактер. Вестите и репортажите секогаш ќе тежат да дојдат до вистината.

Гледачите програманата може да ја гледат преку Боом ТВ и Т-Хоме операторите, а во следните неколку дена ќе може да ја гледат и корисниците на другите оператори

loading...