Уринарни заболувања и превенција

АКЦИЈА
loading...

Уринарните инфекции се бактериски инфекции на уринарниот тракт и се најчести во секојдневната пракса. Почести се кај жени и деца. Стапката на појава се рефлектира на предиспонирачките фактори како што се конгениталните аномалии во детството, започнувањето со сексуална акивност, особено кај жени и пост-менопаузалните промени кајповозрасните жени. Се претпоставува дека барем 20% од жените може да очекуваат епизода на уринарна инфекција во својот живот.

Најчести причинители се цревните бактерии: „Escherihia coli, Enterococci, Proteus mirabilis, Klebsiella“.

Дали ке се развие инфекција или не зависи од повеќе фактори :

СИМПТОМИ:

Ургентност за уринирање
Чувство на печење при уринирање
Често уринирање на мало количество урина
Урина со црвена, светло розева боја – знак за крв во урината
Урина со силен мирис
Болка и дискомфорт во долен дел од абдомен
Типови на уринарни инфекции во зависност од афектираниот дел од уринарниот тракт:

Бубрези (акутен пиелонефритис) : болка во слабина, Треска, Покачена температура, Нагон за повраќање и повраќање
Мочен меур (цистит) : дискомфорт во долен дел од стомакот, Често и болно уринирање, Крв во урината
Уретра (уретритис) : печење при уринирање, Отежнато и нецелосно уринирање

ПРЕВЕНЦИЈА:

-Зголемен внес на течности
-Избегнување на воздржување од уринирање
-Одржување на хигиенски мерки
-Уринирање после сексуална активност
-Конзумирање чај
Извор: Неуромедика.мк, целосен текст тука.

loading...