40 годинишна жена, спиела со 80 женети мажи и воопшто не се кае за ништо!

АКЦИЈА
loading...

40-годишната Лујза ван дер Велд вели дека го живее секој ден како да и е последен, признавајќи ги повеќекратните афери со голем број љубовници.

Вдовица и мајка на две деца, Лујза ван дер Велд признава дека после смртта на својот супруг спиела со дури 80 женети мажи.

Како што таа вели, поради тоа воопшто не се кае, и открива дека една недела после Денот на вљубените е обично период кога луѓето најмногу се швалерисуваат, бидејќи тогаш сфаќаат дека се во лоши врски.

Лујза, инаку секс-терапевт, оди дотаму што вели дека жените на некои љубовници знаат за прељубата, но затвораат очи на тоа бидејќи не се заинтересирани за секс.

Традиционалниот брак често не успева бидејќи е заснован на модел кој не е променет последниве 150 години. Повеќето жени можат само себеси да се обвинат зошто мажите ги изневеруваат. Тие едноставно ја губат желбата за секс и ја напуштаат спалната соба. Целосно им се посветуваат на децата и домаќинството, па повеќе не мислат на својот брак и сопруг. Не е ни чудо што толку многу мажи ги изневеруваат своите жени.

Секако, очигледно е дека и некои мажи можат без секс па не можам да ги обвинам и жените што нив ги изневеруваат“ – вели Лујза, која не сонува за еден маж со кој би го поминала сиот свој живот.

Лујза вели дека нејзино животно дело е тоа што „својата сексуалност ја искористува до максимум“, па ги советува и другите жени да не ја осудуваат поради нејзината лична одлука.

„Луѓето би требало помалку да осудуваат а повеќе да му се посветат на сексот. Животот е прекраток за да имате секс само со еден човек“ – заклучува оваа похотна дама.

Кога станува збор за идеален партнер, таа категорично вели дека би сакала некој кој размислува исто како неа.

„Сакам мажи кои го сакаат сексот исто како и јас“ – вели таа. „Околу 60% од паровите ќе доживеат неверство кога-тогаш. Ако се поотворени кон сексот, тоа помалку би се случувало“ – вели Лујза, која денес води семинари и терапии за парови во кои ги поттикнува луѓето да зборуваат за своите сексуални фантазии.

Исто така, држи семинари на кои учесниците можат да имаат секс меѓусебно. Отворила и своја компанија која се вика “Future Love”.

loading...