Што најавуваат метеоролозите за викендов

АКЦИЈА
loading...

Под влијание на циклонска активност до самиот крај од денешниот петочен ден времето ќе се задржи претежно облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд додека снег ќе паѓа само на највисоките планински места.

Повеќе врнежи ќе има на запад а не се исклучува можноста и за локална нестабилност која може да даде и грмежи.

Ќе дува умерен ветер од јужен правец кој повремено на некои места ќе се засилува по интензитет додека во текот на претстојната ноќ ќе го смени правецот во југозападен и ќе биде засилен по интензитет.

Во текот на претстојната ноќ и утре (сабота) ветерот понекаде ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Снежната покрвика ќе започне забрзано да се топи па токму ова ќе услови зголемување на нивоата на езерата, реките и водотеците.

Максималните дневни температури денес (петок) ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени додека утре (сабота) ќе биде МНОГУ ПОТОПЛО со максимум на температурите на воздухот од 7 до 15 степени.

Сето ова ќе придонесе за зголемување на водотеците, а на некои места и нивно излевање. Наглото топење на снегот ќе придонесе и за одрони на многу патни правци, па затоа на возачите кои викендов ќе патуваат им се препорачува да бидат извонредно внимателни.

Облачното, врнежливо и топло време, ќе продолжи и следната недела.

Метеомакс

loading...