Мицкоски е за Љубчо да се врати во ВМРО-ДПМНЕ

АКЦИЈА
loading...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на Канал 5 потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена да го прими назад поранешниот лидер Љупчо Георгиевски.

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ веќе имало неколку начелни средби со Љубчо Георгиевски и членовите на неговата партија ВМРО-НП, на која се разговарало за можното враќање на старите вмровци во партијата

-Јас во животот немам концесија. Моја единствена цел е да анимирам што е можно поголем број луѓе и целни групи за да ја поразиме оваа деструктивна политика на Заев. Апсолутно не станува збор за никаква концесија и ветувања. Сетоа ова го правам со цел да ја направам Македонија подобро место за живеење. Нашата цел е победа на следите избори и 61 пратеник. Не сме се виделе со Љупчо од пред Нова година, планирам да остварам средба, да ја продолжиме нашата комуникација и зошто да не, доколку имаме заедничка цел да ни се придружи, изјави Мицкоски.

„Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во ВМРО. Треба да му се даде шанса“, напиша Георгиевски.

loading...