Комити ги обвинуваат Шверцери за прободеното дете – Официјален ФБ статус

АКЦИЈА
loading...

Вчерашниот немил настап во центарот на Скопје во кој со нож беше прободено 16-годишно момче донесе реакција од навивачката група „Комити“, која настраданиот го идентификува како свој член поради што побара МВР и одговорните да ги најдат виновниците.

Според фановите на Вардар, причина за трагедијата бил фактот што повреденото момче навивало за друг клуб во однос на напаѓачите, кои, според „Комити“, биле членови на навивачката група „Шверцери“. Според нив, 16-годишниот навивач е во болница каде што му се извршени неколку операции и се наоѓа во тешка состојба.

Истовремено, тие најавуваат дека ќе заборават на сите навивачки правила и кодекси против тие што играат на валкан начин и дека ќе почнат да го применуваат принципот „око за око-заб за заб“.

Соопштението на „Комити“ може да го прочитате на нивната страница на Фејсбук.

СООПШТЕНИЕ НА НАВИВАЧКАТА ГРУПА „КОМИТИ ЗАПАД“

На нашиот млад член му посакуваме што побрзо да закрепне од повредите.

loading...