Кој е хороскопскиот знак кој е секогаш во центарот на вниманието?

АКЦИЈА
loading...

Стрелци се луѓето кои оние околу нив ги фасцинираат со својата отвореност, ведрина и веселост. Тие се мудри и интелигентни и имаат силна енергија, која им помага секогаш да се во центарот на сите случувања. Тие се многу искрени и многу нетактично искрени.

Жена Стрелец

Жената Стрелец не е слаба личност. Таа не ја ни сака слабоста, во никаков облик. Често е агресивна, па дури и безобразна и никогаш луѓето не се на сигурно со неа. Таа не отстапува од својата индивидуалност, за ниту еден маж во нејзиниот живот. Сепак, знае да бида понизна и да биде третирана како мала срна на која и треба заштита. Или пак кралица која треба да биде почитувана.

Таа често го заменува пријателството со љубов. Специфично за оваа жена е што прво станува пријателка со еден маж, а дури потоа забележува дека тој би можел да и одговара како партнер. Додека таа го сфати тоа, тој маж веќе се заљубил во неа.

Изразено е слободна, директна, па дури и претерано искрена. Не сака традиционални мажи и подобро е да ја заобиколите ако сте таков. Оваа жена највеќе се плаши од семејните обврски. Често е во гужва и натрупана со различни проекти и сака работите полека да дојдат на свое. Нејзе не ја интересираат дефиници ниту пак „како треба“ во животот.

Маж Стрелец

Мажите Стрелци се одважни и полни со ентузијазам и енергија. Многу се љубопитни и сакаат да експериментираат во љубовта. Кога влегуваат во некој однос со една жена, прво што и нудат е врска без обврски. Пробуваат тактики, прават тестови и ако таа жена успее да ги помине, тогаш таа жени е вредна за нивната љубов.

Овој маж сака слобода повеќе од било кој друг во хороскопот. Не сака правила на игра, но ќе ги почитува ако сака една жена. Не го испитувајте, не му се заканувајте, бидејќи тоа не поминува кај него.

Понекогаш е склон кон трошење, па дури и коцкање, но е и многу великодушен за желбите на сите што ги сака.

loading...