Месечен Хороскоп за март 2018 година

АКЦИЈА

Што ве советуваат ѕвездите за наредниот месец?

Овен

Вашата способност да преземете иницијатива и да ги совладате препреките особено ќе дојде до израз во текот на овој месец. Ќе преземете многу обврски и одговорности и иако тоа ќе ве фрустрира многу, ве советуваме да најдете сила и да издржите. За вас, почетокот на месецот ќе биде како лудо возење. Но, кога ќе дојде пролетта, сите препреки ќе бидат остранети и ќе можете да напредувате на сите полиња.

Ќе треба да бидете внимателни во однос на професионалната комуникација. Важно е да се оружате со трпение и да издржите до крајот на месецот, 29-30 март.

Блиските луѓе и семејството ќе сметаат на вашата енергија и добрите страни кои ги имате.

Бик

Вие сакате удобност и пловење во мирни води, но треба да се подготвите на турбулентен период на промени кој ќе бара да вложите поголем напор за да останете прибрани и да обрнете внимание на важние детали во врска со работата.

Овој месец ќе се занимавате само со кариерата. Бидете отворени за идеи и бизнис планови, оа може да ви се понуди интересна прилика за учество во некој проект. Потпрете се на својата практична страна, бидејќи од вас ќе биде побарано да ги покажете и докажете своите вештини.

Малку специфична ќе биде комуникацијата со семејството и блиските. Ве советуваме да не се борите против ветерници, бидејќи тоа може да ви донесе многу проблеми. Немојте да правите работи за кои ќе се покаете.

Близнаци

Можете да очекувате одлагање на приливот на средства, што ќе ви донесе фрустрации. Не заборавајте дека ќе морате да ги надминете овие проблеми, и дека немате друг избор. Вашата посветеност на работата и комуникацијата на работа, ќе ви олесни многу нешта на работното место.

На личен план, нема да ви оди во корист тенденцијата да се одалечувате од партнерот и тоа може да доведе до заладување до односите. Еден убав викенд може да ви помогне повторно да се зближите со личноста која ја сакате.

Овој период ќе ви биде стресен, но потрудете се да останете приземјени и рационални иако луѓето во вашата околина, особено блиските соработници ќе бидат нервозни.

Рак

На самиот финиш сте на сето она што го започнавте. Сега не е време за откажување, бидејќи треба да размислите за правецот во кој се движите и да се потрудите да донесете најдобри одлуки. Запаметете, како и да постапите морате да бидете сигурни дека ќе дадете се од себе. Можете да очекувате поголеми нервози во периодот 06-09 март.

Овој месец е одличен да се ослободите од вишоците во вапиот живот. Очекувајте далеку поповолна ситуација на емотивен план во месеците кои следат, а особено во текот на летото. Искористете ја силата на месечината на 10 март и дозволете си себеси да сонувате. Испланирајте убаво патување или убав викенд.

Лав

Би требало да вложите многу енергија во подобрување на односите и поправање на нарушените односи со вашата драга личност.

Вашиот талент на работното место ќе биде загрозен од некои скриени, но и не толку скриени мотиви. Ако проблемите ги согледате подетално, ќе дојдете до многу корисни сознанија кои ќе ви помогнат. Запаметете дека не е злато се што гледате и ќе морате самите да одредите што е важно, а што не.

Работите ќе бидат доведени во ред на крјаот на месецот но ќе треба да вложите напор. Сепак, освен тоа што треба да се фокусирате на работата, огромно внимание ќе треба да вложите и на поправање на работите со блиските.

Девица

Вашиот реалистичен пристап за решавање на животните прашања ќе наиде на препреки, а тоа бара помош од драгите луѓе околу вас. Иако ќе бидете растргнати на многу страни, ќе имате прилика да стекнете самодоверба со тоа што ќе можете да ги решавате сите ситуации.

Работата во овој период може да се испречи пред вашиот личен и социјален живот, но имајќи го ова предвид ќе можете да се фокусирате на неа и да постигнете супер резултати, а потоа да оставите време за блиските кога работите ќе слегнат. Потрудете се да ги ускладите работните и емоционалните аспекти, а особено количината енергија која ја вложувате. Ќе ви годи нова романса или освежување во врската.

Вага

Во обидот да одржите добар баланс на сите полиња, ќе наидете на различни опции за кои никогаш не сте размислувале. Доколку се занимавате само со тоа што другите ги прави среќни, како што правите по обичај – тоа може многу да ве умори.

Оваа година ќе ви донесе нови контакти и можности кои би можеле да ги искористите во текот на март и на тоа поле, најдобар сојузник ќе ви биде вашата друштвена природа. Развојот на случувањата ќе донесе многу убави и возбудливи моменти. Особено потрудете се да бидете призмни и да влегувате во сите ситуации со сопствена проценка и сила. Не ги прифаќајте работите и задачи кои сметате дека не можете да ги завршите квалитетно.

На личен план, ќе ви биде потребна дополнителна енергија за да истраете бидејќи ќе морате да решите многу несогласувања на кои наидовте во изминатиот период.

Шкорпија

Од удобноста на својот дом ќе добивате најмногу стрес, за чудо. Сепак, можете да очекувате наплив на креативна енергија во овој период и стресот да го решите со тоа. семејството и драгите личности ќе бидат голема поддршка на сите полиња.

Март е идеален месец за подобрување на односите со партнерот. Ќе имате можност да разговарате, но и да ги изненадувате на различни начини. Ќе бидете отворени за комуникација и креативни предлози.

Периодот на стагнација на професионален план полека завршува. Очекувајте до крајот на зимата подобрување на нештата на професионален план. Следи период на интензивна комуникација и тесна соработка со блиските соработници. Потрудете се во периодот кој следи да ги искористите сите стекнати искуства, но и да побарате помош од колегите, кои ви должат многу услуги.

Стрелец

Проблемите кои се наталожија уште од ноември конечно се разрешуваат. Сепак, постојаното навраќање на старите навики нема да ви донесе ништо добро, овој месец.

На работен план, ве очекува неизвесност. Иако нема да се сложувате со одредени одлуки на претпоставените, ќе се потрудите да ги поддржите и да им понудите поддршка во реализација на плановите. Немојте да донесувате брзи одлуки пред да соберете доволно информации.

На личен план, доаѓа поповолен период. Саканата личност ќе ви даде поддршка и така ќе ја подобрите врската. За слободните Стрелци, можно е да сретнат личност која ќе ги заинтересира. Можни се нови познанства и романтични средби.

Обрнете повеќе внимание на здравјето и одморете се.

Јарец

Иако ќе имате многу енергија на работен план, имајте на ум дека од време на време ви треба одмор. Ако по обичај се потпрете на обврските, ќе се изложите на опасност па ќе пропуштите некои сјајни прилики од личниот живот.

Во првите десет денови од март, ќе се трудите да не го впивате негативното влијание од луѓето. Сепак, обврските кои ќе ги имате ќе ве прават многу нервозни.

Партнерот нема да го толерира избегнувањето на заедничките активности. Потрудете се да добиете разбирање од саканата личност, бидејќи таа ви дава голема поддршка, но не сака да биде занемарена.

Обрнете внимание на вашето општо здравје и размислете за тоа да почнете со некои рекреативни активности. Во лоша форма сте.

Водолија

И покрај тоа што среќата е против вас овој месец, ќе се чувствувате како да сте се нашле во вистинско време, на вистинско место. Вашиот прагматичен поглед на светот ќе ви биде најголем сојузник. Верувајте во својата проценка и секоја дилема решавајте ја брзо. Имате обврска да работите само во свој интерес во текот на март и тоа никој не може да ви го оспори, овој период.

Овој месец ќе треба да бидете внимателни за последиците кои можат да произлезат од потиснувањето на проблемите и грешките кои ги направивте во изминатиот период. На емотивен план, ќе имате можност рационално да ја согледате вашата врска, но тоа може да доведе до загрижувачки заклучоци. Саканата личност ќе биде презафатена со нејзините лични проблеми и тоа нема да помогне во решавање на кризата.

Март ви носи добро здравје и супер расположение, но тоа не значи дека не можете да ја запоставите кондицијата и здравата исхрана. Голем дел од Водолиите ќе бидат фокусирани на семејството во текот на овој месец.

Риби

Во текот на овој месец, вашата кариера ќе биде издигната на повисоко ниво и ве очекуваат многу успеси. Оние кои се родени во овој знак ги очекува супер период на професионална самопромоција, но и адекватни финансиски награди.

По 20 март, ве очекува значајно финансиско подобрување. За невработените, идеалниот период за нова работа или ангажмани доаѓа по 20 март.

Ве очекува период на самодоверба и привлечност што треба да ги искористите на најдобар можен начин. За слободните Риби доаѓа одличен период на љубовен план.

loading...