Порака од Хрватска: ЧУВАЈТЕ ГО НАЈВРЕДНОТО ШТО ГО ИМАТЕ

АКЦИЈА
loading...

Ќе бидам и понатаму со вас во вашата борба. Вашиот идентитет е дел од вас. Македонската култура и традиција се непроценлив дел од европското наследство. Сакам да ве охрабрам да го чувате највредното што го имате.

Верувам дека со заеднички сили ќе успееме во целта и ќе ја видиме Македонија како полноправна и горда членка на Европската Унија.

Ова го порачува европратеничката Маријана Петир, претседател на групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент и повеќегодишен лобист за интересите на Македонија.

Петир вели дека ја дели загриженоста со македонскиот народ поради најавите за промена на името на државата и губење на идентитетот на кој македонскиот народ е особено горд.

„Верувам дека мојата загриженост допрела и до оние кои придонеле за истата, па овие денови сум известена дека македонската влада воспоставува нова група за пријателство во Европскиот парламент, со нов претседател на чело.

Иако оваа одлука во целост е политичка, се надевам дека оваа група во својата работа ќе се води од добробитот на македонскиот народ, а македонскиот народ во мене и понатаму ќе има верна и посветена пријателка која и понатаму ќе води грижа за нивниот добробит“, посочува европратеничката.

„Поради тоа сум со поддршка на Постојаната мисија на Македонија во Брисел и во јануари 2016 година покренав групата „Пријатели на Македонија“.

Со тоа сакавме да му покажаме на македонскиот народ дека не се сами и дека имаат пријатели овде во средиштетот на Европскиот парламент и европските институции“, вели Петир.

Погледнете го видеото:

loading...