МВР со спектакуларна полициска акција во Скопје

АКЦИЈА
loading...

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе пет кривични пријави против пет лица од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.

Во првиот случај пријавен е А.Љ.(40), којшто во текот на април минатата година за сума од 12.000 денари од непознато лице, неовластено за себе набавил и кај себе држел наркотична дрога – хероин. На 25.04.2017 година при извршено легитимирање и преглед над пријавениот пронајдени се четири полиетиленски пакувања во кои имало 4,91 грамна хероин.

Втората пријава е против П.М.(28), кој што во текот на август лани за сума од 2.000 денари од непознато лице набавил и кај себе држел 25 грама марихуана со намера истата да ја препродава на лица – уживатели. Со судска наредба за претрес извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени три полиетиленски кеси со опојна дрога марихуана, две пластични дробилки, една метална дробилка и рефус опојна дрога марихуана. По извршено вештачење констатирано е дека во пронајдените пакувања имало 22,65 грама марихуана.

Третата пријава е против А.А.(25) кој во текот на минатата година неовластено, заради понатамошна препродажба од непознато лице набавил и кај себе поседувал марихуана. На 22.09.2017 година во Градски парк-Скопје, по извршен преглед на патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистерски ознаки управувано од татко на пријавениот, а во кое како совозач бил пријавениот, биле пронајдени 100,46 грама марихуана и 21 таблети од кои 18 метамизол – медикамент со аналгетско и антипиретско дејство и активната компонента и три таблети MDMA. Четвртата пријава е против Ф.П.(20) кој во текот на август 2017 година за сума од 2.000 денари од непознато лице неовластено за себе набавил и кај себе држел наркотична дрога-марихуана. На 15.08.2017 година пријавениот по претходен телефонски договор се сретнал со лице од кое земал две полиетиленски кеси со наркотична дрога-марихуана, од кои едната ја дал на негов другар да му ја чува. Истиот ден при извршено легитимирање и преглед над пријавениот, како и кај неговиот другар пронајдени се по една полиетиленска кеса во кои имало вкупно 43,01 грама марихуана.

И во последниот случај пријавен е В.С.(20) кој во текот на октомври 2017 година од непознато лице неовластено за себе набавил и кај себе држел синтетичка дрога-екстази и таблети. На 08.10.2017 година пријавениот по претходен телефонски договор заминал за Гостивар, каде се сретнал со лице од кое купил синтетичка дрога екстази и таблети со намера да ги препродава на техно забави, по што се вратил во Скопје. Истиот ден, при извршено легитимирање и преглед над пријавениот пронајдена е една кеса со 30 MDMA-екстази таблети, соопшти МВР.

loading...