Се сеќавате ли на легендарната изјава на Трајковски за бегалците во 1999

АКЦИЈА

Во Македонија околу еден месец се навршија 14 години од трагичната авионска несреќа во близина на Мостар (БиХ) во која загина претседателот Борис Трајковски со членови на екипажот.

Трајковски стана претседател на 15 декември 1999 година во една од најтешките години за Македонија, кога земјата се соочи со наплив од 360.000 косовски бегалци, поради војната која беснееше во оваа тогашна српска покраина. Пред да седне на претседателската фотелја, како заменик министер за надворешни работи, Борис Трајковски ја даде оваа легендардна изјава, за која многумина посочуваат дека помогнала во неговата кандидатура за шеф на државата:

„Слушам на CNN дека стално кружи, да не кажам за мене и увредлива констатација, дека ова е срам за Македонија. Ова е срам за меѓународната заедница. Никој од вас не прашува кои се проблемите на оваа влада и на оваа држава. Многу убаво од далеку, од Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви предложам нешто конкретно, пратете 100 авиони на скопскиот аеродром и пренесете ги во Стокхолм“.

loading...