МОРЕ ОД ЛУЃЕ: Над 10.000 на протестот за одбрана на името! (фотографии)

АКЦИЈА
loading...

Над 10 000 луѓе излегоа на вечерашниот протест за одбрана на уставното име на Македонија. И покрај лошите временски услови и притисоците со кои се соочиле оние кои сакале да присуствуваат на семакедонскиот протест во Скопје, огромен број граѓани се најдоа на улиците низ градот со цел одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата.

Повеќето учесници на протестот веат македонски знамиња и пеат македонски песни.

Дојдени се многумина од останатите населени места во земјава. Велат покрај лошите временски услови, се соочиле и со притисоци како за време на патувањето, така и пред тргнувањето кон Скопје. Особено на притисоци се жалат вработените во јавна администрација, на кои, како што тврдат, им се заканувале дека не смеат да одат на семакедонскиот протест.

Демонстрантите бараат крај на преговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на договорот за добрососедство со Бугарија и ослободување на притворените за настаните од 27 април во Собранието.

Фото: Александар Ивановски
Извор: РЕПУБЛИКА

loading...