Бомбици со бадеми (Рецепт)

АКЦИЈА
loading...

Направете ги највкусните слатки топчиња со бадеми, бомбици на кои им нема замена.

Ова е рецептот за слатките топчиња:

СОСТОЈКИ:

-250 гр шеќер

-250 гр бадеми

-1 шолја вода

СОСТОЈКИ ЗА ГЛАЗУРА:

-2 реда чоколадо

-2 лажици шеќер

-4 лажици сварено кафе

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се прави смеса од шеќерот и шолја вода, а кога ќе зоврие и ќе почне да испушта меури, се трга од оган и се додаваат обарените и излупени бадеми.

Ја оставаме смесата да се олади, па од неа се прават топчиња.

Се става врз нив глазурата која ќе ја направите од 2 реда чоколадо растопено со 2 лажици шеќер и 4 лажици кафе.

Потопете ја секоја бомбица во глазурата, па извадете ја и оставете да се олади во ладилник.

Извор: gotvi.mk

loading...