ЗОШТО ШВАЈЦАРИЈА Е ТОЛКУ БОГАТА ДРЖАВА А МАКЕДОНИЈА НЕ? ЕВЕ ЗОШТО!

АКЦИЈА
loading...

Ален е 48-годишник а во Швајцарија занинал уште како дете, во 1971 година. Се школувал во Швајцарија а по занимање е инженер по туризам, а работи како генерален директор во еден од хотелите во градот Бил (Бјен) кој од главниот град е одалечен само 30 километри.

Јас не припаѓам на групата „нови иселеници“, туку во онаа чии родители ја напуштиле тамошната држава поради подобар живот. Оттогаш се поминати 47 години и денес Швајцарија ми е втор дом.

Како моите родител ја одбрале Швајцарија? Тие велат дека поскоро таа ги одбрала нив, поточно мојата мајка. Таа во 1969 година завршила за медицинска сестра, но не можела веднаш да најде работа. Во меѓувреме некоја агенција и понудила работа на една година во една болница во Швајцарија.

Па така, прво заминала мајка ми, а една година и мојот татко. Тогаш во Швајцарија имало закон со кој им било забрането на родителите да имигрираат заедно со децата под навршени 3 години, па така мене морале да остават кај баба ми. Прво мислеле да останат само година-две, за да на крај останат преку 48 години во туѓина и после 30 години дури и поднале барање за државјанство.

Работа, ред и дисциплина, како и флаксибилен пазар на трудот

Што се однесува до работата, тука најмногу се цени само работата, дисциплината и почитување на законите. Кој не се придржува – тој лета. Отказ можеш да добиеш во секој момент, секако со отказен рок кој е помеѓу 1 и 3 месеци. Значи, ако некој прашува за работничките права, има право да работи и за тоа да добие надокнада.

Има право на платен годишен одмор ако има договор за постојано работно место.
Меѓутоа, постојат голем број претпријатија кои вработуваат луѓе „на час“. Тоа им дава флексибилност во одредувањето на работното време. Ако некој има намера да се побуни, секако тоа може да го направи, но истовремено нека си бара ново работно место бидејќи голема е веројатноста дека ќе добие отказ.

Тоа звучи грубо, но се’ е регулирано со закони и прописи. А токму во таа грмушка лежи зајакот – законите се изгласани од самиот народ. Швајцарија е единствена земја во која стварно владее народот и во која постои директна демократија. Народот на СИТЕ нивоа на власта учествува во носењето на законите.

Во принцип парламентот го подготвува законот, но ако тој закон никому не му се допаѓа, едноставно се носи референдум. А секој швајцарски граѓанин може исто многу еднставно да поднесе иницијатива.

Се работи во просек 43 часа неделно. Некои 1-2 часа помалку, некои час-два повеќе. Но, работните дозволи кои можат да бидат краткорочни односно сезонски се поврзани со одредена администрација.

Живеам со сопругата и две деца во едно мало село во близина на главниот град. Работното место ми е одалечено отприлика 30 км во градот Бил. Тој град е познат по индустријата на часовниците. Практично сите познати марки на швајцарски часовници (Своч, Тисот, Радо, Омега, Ролекс) своето седиште го имаат во Бил.

Бие е еден од двојазичните градови во Швајцарија – се говори на германски и/или на француски. Затоа градот и службено има две имиња: Бил и Бјен. Туризмот во Бил и не посебно развиен. Понекогаш преспиваат групи кои всушност имаат намера да го посетат главниот град, но поради пониските цени преферираат да преноќат во близина на градот.

Образовниот систем во Швајцарија е многу добар. Претшколското воспитување започнува некаде на 4-5 годишна возраст. Една година детска градинка а потоа примарна школа. Маку подобрите ученици во седмото одделение можат да преминат на секундарен степен кој трае до 9.одд. Тука завршува основното образование.

Меѓутоа, во Швајцарија занаетското обрзование значи: бараш работа во претпријатието каде што одиш на пракса. Потпишуваш договор и започнуваш со работа, и ја добиваш првата платичка. Во зависнот од занаетот, образованието трае помеѓу 2 и 4 години. Но-три до 4 дена си во претпријатието на пракса, а еден до два дена во школото на теорија.

Па така, после завршетокот на школувањето ти знаеш да работиш. За разлика од кај нас, произведуваме само теоретичари кои немаат ни еден ден пракса на работа. Учениците кои завршиле секундарен степен можат да продолжат во гимназија, и висока школа, факултет.

Здравствениот систем е релативно скап и со него управуваат приватници

Здравствениот систем е исклучиво во приватни раце. Мора да се знае дека во Швајцарија гласи принципот: не прашувај што државата може да направи за тебе, туку што ти можеш да направиш за државата!

Значи, основното здравствено осигурување за возрасно лице чини преку 800 швајцарски франци бидејќи имаме вклучена заштита во странство, сопругата и децата имаат покрај осигурување во случај на болест и осигурување во случај на несреќа. А овој износ е и низок бидејќи имаме годишна франшиза од 1500 франци. И тоа само доколку сметките во една година го надминат тој износ. А и тогаш постои самопридонес од 10%.

Освен тоа, ако одиш на боледување, платата веднаш ти паѓа на 88% за првите три дена а секој следен ден боледување на 80%! Па ти биде болен ако сакаш. Просечната бруто плата изнесува приближно 6000 франци. Но, како што реков, тоа е бруто. Тука треба да се одбие данокот, разни социјални давачки, пензиско одигурување итн.

Полјоделството е добро развиено, а и заштитено. Постојат државни субвенции, али со оглед на високиот стандард и цените на намирниците, на селаните не им е лесно.

Многу Швајцарци токму поради високите цени преминуваат во соседна Германија, Франција или Италија на шопинг. И ние еднаш месечно одиме во Германија на шопинг. Килограм месо таму е 4 пати поевтино. Квалитетот можеби е полош, ама ете…

Инаку Швајцарците се држат до квалитетот на производите „ made in Switzerland“, но во последно време малку како да се олабавија.

Што мислам за нашата економија? Ништо. Бидејќи ја водат неспособни политичари кои немаат врска од економија. Најпаметните глави не седат во политиката. Повеќето го немат сменето ниту менталниот склоп и се’ уште се очекува од државата да ги реши сите натрупани проблеми. Државата нема ништо да промени ако тоа не го направи секој поединец во својата околина и во својот микрокосмос.

А што мислам за иселувањето? Тоа е ОК. Нека одат луѓето во други земји. Нека стекнат нови искуства, а особено работни навики. Па нека се вратат и стекнатото знаење и искуство нека го применат во нашата држава која е преубава земја, со традиција, култура и природа. Сето тоа е единствено и треба да го сочуваме.

Единствено што немаме се добронамерни луѓе кои ќе ја водат. Единствен спас гледам во воведување на директна демократија како оваа во Швјацарија. Дури тогаш народот ќе одлучува за својата судбина.

loading...