Овие работи не смеете да ги правите кога сте во врска ако сакате да не ја изгубите

АКЦИЈА

Сеедно е дали сте маж или жена. Доколку постапувате на вакви начини, полека но сигурно, вашата врска умира. Кои се најголемите љубовни грешки што може да ги направите?

Навидум делуваат како покажување на љубовта, но одредени потези, всушност оддаваат впечаток на несигурност, неблагодарност, или, пак, прекумерна опседнатост со врската во очите на втората половина.

Повеќето луѓе, како избезумени ќе побегнат од таква личност покрај себе. Па, не правете ги овие љубовни грешки, доколку сакате долговечна врска, која ќе го преживее тестот на времето.

Tивко ја убивате врската, секојпат кога го правите следните грешки:

Не ѝ верувате на саканата личност.

Кон него/неа се однесувате како со дете, а не како партнер.

Правите споредби на сегашниот со бившите партнери.

Постојано ја споредувате вашата и туѓите врски.

Несигурни сте и везден барате потврда дека сте ѝ важни на другата страна .

Првин ги криете чувствата, а подоцна експлодирате.

Пребрзо донесувате заклучоци и започнувате расправии.

Непрестано приговарате, мислејќи си дека ова го правите за добробитта на врската.

Неблагодарни сте и не ги цените работите што партнерот ги прави за вас.

Партнерот е центар на вашиот свет, па полека го губите интересот за било што друго.

loading...