Нов ритуал, запрепастувачки тренд за подмладување на кожата

АКЦИЈА
loading...

Јасмина Џејд себеси се нарекува „крвава вештерка“ и тврди дека го пронашла најдобриот начин со кој жените ќе ја сочуваат својата младоликост.

Нејзиниот третман истовремено ги воодушевил и запрепастил луѓето на социјалните мрежи, бидејќи тоа подразбира размачкување на менструалната крв по лице, со цел да се сочува неговата убавина и младоликост.

Таа сака жените ширум светот да го испробаат овој бизарен метод и резултатите да ги споделат на социјалните мрежи.

И не само тоа, таа тврди дека оставрува „крвна врска“ со секоја жена која ќе го послуша нејзиниот совет.

-Кога го поставив својот рецепт на интернет, ми се јавија многу жени кои сфатиле колку се срамат од својот менструален циклус. А мислам дека на овој начин жените можат да ја повратат својата женственост.

Најважна работа овде е спојувањето преку крвната врска и меѓусебното мотивирање, објаснува Јасмина.

Една од жените кои го виделе нејзиното видео одлучила да го проба контроверзниот рецепт.

-Имав чувство како воопшто да не сум поврзана сама со себеси и дека во себе сум носела голем срам поради менструацијата. Третманот ми помогна повторно да ја прифатам својата женственост и својот живот и мислам дека на тој начин и другите жени можат да го направат истото, објаснува Емаџејн Лав која го испробала овој третман.

loading...