На 27 февруари 2018г. да кажеме дека сме за единствена Македонија

АКЦИЈА
loading...

СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ НА 27 ФЕВРУАРИ 2018 ВО 18.00 ЧАСОТ

Во организација на македонските иселеници, на 27 февруари (вторник) 2018г. со почеток во 18.00 часот пред Мисијата на Европската Унија во Скопје, ќе се одржи Семакедонски протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во таковината и во светот бараат:

(1) безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можносст за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, меѓународниот код МК односно МКД;

(2) повлекување на Законот за употреба на јазиците;

(3) повлекување на Договорот Заев-Борисов;

(4) итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година; и

(5) итно ослободување на Едмонд Темелко од обвинение и домашен притвор.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, како и до странските амбасади во Македонија.

Доколку Владата не ги прифати барањата, Македонците во татковината и во светот бараат самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори со обезбедување услови за остварување на избирачкото право во седмата изборна единица, без обврска за упис во избирачките списоци на секои парламентарни и претседателски избори.

Македонците во татковината и во светот отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Ги повикуваме Македонците, по род и државјанство, ги повикуваме припадниците на сите етнички заедници во Македонија, Македонската Православна Црква, здруженијата на Македонците во Републиката и надвор од неа, политичките партии во Републиката, масовно да се приклучат во поддршка и со присуство на свои членови и симпатизери на Семакедонскиот протест на 27 февруари 2018г во 18.00 часот!

На 27 февруари 2018 година во 18.00 часот сите заедно, громогласно да кажеме, дека сме за “Една и единствена, заедничка и унитарна Македонија!“

loading...