Бил мртов цели 45 минути, оживеал и кажал што доживеал (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Човекот кој изгубил пулс цели 45 минути е обичниот камионџија од Охајо, Брајан Милер (41) а тоа што тој вели дека го доживеал додека бил во клиничка смрт е доста итнересно.

После силен срцев удар, тој тврди дека иако не верувал во задгробен живот, сега верува и со тоа пренесува важна порака дека постои задгробен живот и луѓето мораат да веруваат во тоа.

Еден обичен ден на работа, додека Милер ја отворал приколката, осетил дека нешто не е во ред со него. Веднаш викнал брза помош и на операторот му рекол, јас сум возач на камион и мислам дека доживувам инфаркт. Неговата главна артерија била во целост блокирана, а тоа предизвикало срцев удар.

Лекарите во болницата ја отстраниле блокадата, а откако се освестил и се ослободил од болката, тој раскажал ѓто се му се случувало. Тој вели дека единствената работа на која се сеќава била светлина кон која тргнал да чекори, а се движел по пат обложен со цвеќе кон светлината.

Тогаш тој ја сретнал неговата маќеа која неодамна починала.

„Таа беше најубавата работа која ја видов, изгледаше многу среќно, исто како првиот ден кога ја запознав. Ме фати за рака и ми рече:

Не е ова твое време, не треба да бидеш овде, мораме да те вратиме назад, имаш уште многу работи да завршиш“. Среќен што се вратил меѓу живите, Милер сега вели дека за една работа е сигурен: „Постои задгробен живот и луѓето мора да веруваат во тоа“.

loading...