Сменете си го државјанството ако не ви е по кејф името!

АКЦИЈА
loading...

Борис Дамовски, Игор Дурловски, Владо Јовановски и Богдан Илиевски се преместени од истражен затвор во домашен притвор. Со оваа одлука можеби е намалена нивната голгота, но никако не е ублажена неправдата. Новите македонски херои, кои го бранеа уставниот поредок на Република Македонија, обвинети се со грозоморно обвинение за тероризам среде полициско-политички монтиран процес. Иако, вистинското злосторничко здружување се случи внатре во Собранието од страна на пратениците што пееја химна на туѓа држава и без доволен број гласови избраа нелегитимен спикер. Само безусловна слобода за учесниците во движењето „За заедничка Македонија“, малку од малку ќе ја намали неправдата и ќе го тргне срамот што на Македонија ѝ го нанесе сегашната владина коалиција. Секако, ова нема да го скрие фактот што сите го знаеме, апсењето и тортурата на патриотите имаше една цел, а тоа е заплашување на секој што ќе се осмели да крене глас додека се спроведува идентитетскиот геноцид врз македонскиот народ.

Сепак, заплашувањето не им успева. Оттука, сосема беше очекувана хистеријата на оние што го одработуваат холокаустот врз Македонците откако излезе прогласот за прекин не разговорите за името, во почеток потпишан од 200 професори, интелектуалци и уметници.
Со невиден бес, изнасилена ароганција и деструктивност, крикнаа десетици личности што сиве овие години независност пропагираат идентитетско самоубиство на Македонија и Македонците затоа што ја одработуваат агендата на нацифашистичкиот проект против цел еден народ и неговото битисување. Соросовата ал каеда и хистеричните активисти наркомански навлечени на странски грантови хорски гракнаа против иницијативата користејќи ги омразата и навредите како нивно единствено оружје. Дали искажаа некаков аргумент против самиот проглас во кој се бара прекин на разговорите за името? Секако дека ништо не кажаа за самиот проглас. Напротив, со невидена жестокост се нафрлија само врз потписниците. Летаа навреди на сите страни, затоа што, да не се лажеме, за друго и немаат капацитет. Деструктивната просечност секогаш ќе сака да ја уништи креативноста кај другите. Море не сме биле интелектуалци, туку сељачишта со провинциски умови, те сме ти биле срамна сорта, те една ќе нè запаметела, а друг ќе нѐ протерувал од државата, па грабнаа да нè пцујат, ни онадеа мајки и сето тоа, секако, диригирано, хорски, на копче. Како живеат со толку злоба, еден господ знае. Еве што им одговорив на сите, кусо и поединечно, преку социјалната мрежа Фејсбук.

Јас сум во паника. Најчевска ќе ме запаметела. Сега се думам како да се самозаборавам, за кога ќе ме сретне и препознае, бидејќи ме запаметила, јас да немам поим кој сум. Уште сум во паника.
Во „Плусинфо“ ме нарекоа интелектуалецот на Груевски. А јас всушност никогаш не сум се доживувал како интелектуалец. Напротив, кога се среќавам со нивната „ингениозност“, веднаш ми растат опинци на нозете и главица кромид в рака. Е сега, бидејќи не сум интелектуалец излегува дека сум само на Груевски. Што изгледа олеснувачки. Замислете да бев на „Плусинфо“. Паникава не проаѓа. Ордановски ни објаснува дека штом немало Албанци, прогласот не важел. Глуп е ко укинат Интернет. Ај нека си го праша Бранко Манојловски од ДУИ дали во списокот нема Албанци? Паникава не проаѓа. И Тричко (скратено од Тричковски) нешто напишал.

А Тричко се римува со пичччч… Уф, не можам тој збор да го ставам во весников. Тричко се римува со Кличко, ама и со пичччч… Навистина не можам. Во ред, мислам на женски полов орган. А женскиот полов орган е убав, посакуван и без него нема живот на планетава. Ама пак животот понекогаш е срање. Зборот срање, за жал, повторно нѐ враќа на Тричко. Паниката полека проаѓа. Борјан се јави! Навистина се Жарко!
По овие се јавија и политичкиот аналитичар Перица Арсовски и сеприсутниот Љубомир Фрчковски. Перица фантазира како нè исфрла од државава и тоа во некоја непријателска земја, демек да сме виделе убаво. Бре мајката, ме наежи и престраши, истовремено. Башка, ми ја дрпна финтата. Додуша, јас никого не сакам да исфрлам од државата, ама пред тој да ја објави колумната, поставив едно логично прашање.
А вие да си го смените државјанството, ако не ви е по ќеф името, а?

Последен во низата се јави Фрчковски. На човек чиј цел живот на крајот ќе биде сместен во една реченица во извесна автобиографија во која тој на претседател на држава му нуди милионски грчки поткуп за промена на име на татковината, ама ич не ми се трошат зборови.
Но, едно никако не ми е јасно. Добро бре, зошто не си напишат свој проглас потпишан од најнајнајвистински интелектуалци, со кој ќе бараат промена на име? Што само дрочат, се пенават и хистеришат за нашиов во кој нели, нема интелектуалци?
Во меѓувреме се појави СУМ. Тоа е скратено од „Сите за унитарна Македонија“. Имавме и прес-конференција, ама медиумите или прескокнаа или спинуваа. Затоа, тука ќе објаснам. СУМ е македонска координативна мрежа составена од здруженија, организации, неформални групи и поединци. Испративме пет барања до македонските политичари.

Итен прекин на разговорите со Грција за разликите околу името, поништување на договорот Заев – Борисов, укинување на законот со кој се воведува двојазичност на целата територија, безусловно ослободување на обвинетите патриоти од движењето „За заедничка Македонија“ и ослободување од обвиненијата на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.
Истовремено, ќе ги поддржиме протестите за зачувување на македонското уставно име и идентитет што значи прекин на разговорите за името, кои ќе се одржат на 27 февруари, по иницијатива од македонските здруженија во странство.

Секое здружение, група и поединец, доколку ги поддржува нашите барања, слободно може да ѝ се придружи на македонската координативна мрежа, СУМ, односно, „Сите за унитарна Македонија“.
За крај, уште една реченица за протестите. Бидете внимателни, достоинствени и со љубов исполнети, не дозволувајте ништо да ве испровоцира, зашто изопачената моќ сигурно ќе се обиде нешто да подметне, но вие бидете претпазливи и оградете се од секаква деструктивност, а сето тоа, во име на љубовта кон Македонија.

loading...