(ФОТО) Водителка родила во живо во утринска емисија

АКЦИЈА
loading...

Кесиди Проктор, водителка на радиската емисија „Spencer’s Neighbourhood” одлучила да роди во текот на емисијата за со слушателите подели несекојдневно искуство.
Водителката од Сент Луис, во американската држава Мисури, добила болки, додека ја водела емисијата, две недели пред предвидениот рок.
Иако и бил потребен царски рез, била одлучна во намерата нејзините слушатели да не пропуштат ниту секунда од раѓањето на нејзиниот син, пишува
Independent.

За локалните медиуми Кесиди изјавила дека била во „седмо небо“.
Кога новинарот ја прашал дали била нервозна поради преносот во живо додека раѓала одговорила:
„Единствено поради што чувствувв нервзоза беше донесувањето на детето на свет. Кога станува збор за радиото, таму сум секој ден“.
Од слушателите исто така побарала помош при изборот на името на бебето, а наводно таа и нејзиниот сопруг добиле повеќе од 400. предлози. На крај бебето го нарекле Џејмсон.

„Ова е посебен момент за нашите слушатели. Знаеа дека учествуваат во нешто посебно“ рекла таа.
Со неа се согласил и нејзиниот ководител, Спенсер Грејвс.
„Кесиди ги поведе на патување чиј врв беше самото породување“ заклучил тој.

loading...