Ветувањата на Заев

АКЦИЈА
loading...

За нереализирањето на ветувањата на актуелната влада, се огласуваат на социјалните мрежи и поранешни функционери, симпатизери на СДСМ. Еден од нив е и Ивор Мицковски кој во контекст на изигрувањето сега на стечајците пишува „само по 6 месеци, која бурлеска“.
Очигледно нема кој не е изигран од владата предводена од СДСМ. Согласно новиот новото законско решение на СДСМ од 1600 стечајци колку што ги има во Агенцијата за вработување, а се од Куманово, само 54 од нив добиле решенија за надомест.
Еве што ветуваше, односно збореше Заев пред шест месеци, а која е реакцијата сега.

-И покрај нашите сугерирања дека во Куманово повторно ќе бидат опфатени многу мал дел на работници, бидејќи ги знаеме состојбите во фирмите, од некои само за нив познати причини, во Министерството за труд и социјална политика не нè послушаа. Се потврди народната дека треба да послуша паталец, а не гаталец. Да се прифатеа нашите укажувања, тогаш немаше да дојде до ова одолговлекувања и караници меѓу стечајците. Стечајците во Куманово поминаа катастрофално, разочарани се и се чувствуваат изиграно, изјави Лилјана Георгиевска, лидерка на стечајците која важи за блиска до СДСМ во изјава за порталот Сдк.мк.

Еве дел од ветувањата на СДСМ

Минимална плата за секој вработен од 12.000 денари во 2017 година.

Минимална плата за секој вработен од 16.000 денари до 2020 година.

Просечна плата до 30.000 денари.

Плати на доктори специјалисти во терциерното здравство минимум 100.000 денари до 2020 година.

Враќање на 15 проценти од ДДВ во фискалните сметки, што ќе значи на крајот од годината уште една плата плус во секое семејство.

По 10.000 евра неповратни пари за млади луѓе со добра бизнис идеја.

Субвенционирање на 50 проценти од комуналниот надоместок за изградба на индивидуални станбени куќи до 150 м2.

Секое четиричлено семејства кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход ќе добива 12.000 денари месечно од 2018 година.

Стечајците ќе можат да добијат паричен надоместок во износ од 30% од просечно исплатена месечна нето плата во претходната година, околу 6.600 денари.

Зголемување на субвенциите за земјоделците на 160 милиони евра годишно.

Просечен економски раст повисок од 5% во периодот на четиригодишниот мандат.

Стапка на невработеност пониска од 20% во 2020 година.

Потребните инвестиции во патниот сектор во вредност од 3 милјарди евра за 10 години.

loading...