Споделувајте, на Дедо Киро му е итно потребна помош!

АКЦИЈА
loading...

На падините на планината Беласица, далеку од цивилизацијата, сам и без каков било контакт со луѓе, преживува 62-годишниот Киро Пасков. Со сериозни здравствени проблеми, веќе подолг период носи катетар поради дисфункционалност на простатата и е оставен сам да се справува со предизвиците. Болен и изнемоштен, само распадната врата засега го спасува од волците кои секоја вечер го посетуваат во обид да влезат.

Киро Пасков е на самиот раб на егзистенција, итно му се потребни финансиска и медицинска помош.

Условите во кои живее придонесуваат за влошување на неговата здравствена состојба.

Апелот за помош го пренесува „Донации“.

Државните институции и социјалните служби сè уште немаат слух за лицата како Киро, кои, за жал, ги има во голем број во Република Македонија.

Пасков е неспособен за работа и со оглед на тоа, не е во можност да си обезбеди подобри услови за живот. Оставен на милост и немилост, заборавен од општеството, гладува со денови, a малата планинска река, како вистински човек од дивината, ја користи за пиење и одржување лична хигиена.

Да помогнеме !!

Сите хумани граѓани кои би сакале да помогнат нека стапат во контакт со Виктор 077 707 191.

loading...