Кој е најверниот хороскопски знак?

АКЦИЈА
loading...

Кои се најстабилните зодојачки знаци кога е прашање една емотивна врска? Проверете што откриваат ѕвездите.

Овен, „непослушен“ но искрен лик
Хороскопскиот знак Овен обично има тенденција да биде верен. Овните се мнгоу директни и не сакаат да зборуваат лаги и обично се искрени. Ако направи прељуба, тој тоа го признава со отворено срце. Меѓутоа, овој знак е многу импулсивен: привлечен од задоволствата и страсти, ако ве изневери, тоа ќе го направи без злобни намери, затоа што лесно потпаѓа под инстинктите предизвикани од сензуалноста. Вообичаено, Овните се повеќе лојални како пријатели: нема да ве изневерат и советите ќе им бидат секогаш искрени.

Бик, чесен и конкретен
Биковите се едни од најверните и најверодостојни знаци на зодијачната сцена. Бикот, земјениот знак со кој владее Венера, е лојален, чесен и конкретен. Тој не дозволува самиот да биде управуван од површни инстинкти, затоа што е заинтересиран да изгради важен, стабилен и траен однос. Биковите приоритетот секогаш го даваат на семејството, приврзани се за домот, посветени на изградба на топло и безбедно гнездо. Но, има една слаба точка на фронтот на лојалноста, а тоа е кога ќе се налутат. Ако сакате да го задржите, не играјте се со неговите чувства, бидејќи би можеле да платите скапо. Тој е тип кој, ако го повредите, ќе биде во состојба да се разочара и да ви се одмазди или да ви го сврти грбот.

Близнаци, љубопитен лик

Близнаците се многу посебни типчиња. Ја сакаат слободата, а со својата енергија изразуваат сила на младост. Затоа и не можеме да ги наречеме светци кога е во прашање верноста. Паѓаат под влијание на љубопитноста и возбудата, сакаат да го истражуваат светот и, заедно со него, целиот човечки универзум. Брзо се заморуваат од врските, освен ако немаат особено темпераментен, активен и умствено брилијантен партнер. Ако ова не е случај, ќе одат брзо во потрага по нешто ново. Меркур, водечката планета, ги поттикнува секогаш да бидат во потрага по нови придружници. Близнаците, како двоен знак, лесно можат да ги скријат трагите на нивното неверство. Затоа, подобро да ги држите очите отворени кога тие се во прашање, бидејќи Близнакот не е еден од најсигурните и лојални знаци од зодијачкиот пејзаж.

Рак, непостојана душа
Зодијачниот знак Рак е многу врзан за своите семејни корени и за идејата за семејство. Градење на убав дом е фундаментална цел на неговиот живот. Тој бара љубов и само љубов: понекогаш е малку несигурен, па затоа бара сигурност во домашното гнездо, кое за него е како засолниште. Ракот е верен и предаден тип. Но, ако не му возвратите со емоции, тој ќе продолжи да ги бара „настрана“, и ќе ги најде, можеби во „градината на првиот сосед“ кадешто „ливадата“ му се чини позелена. Раководен е од Месечината, планета која поттикнува на нестабилност и променливост, па оттука е и неговата непостојана, емотивна душа. Премногу е сентиментален: да се биде со него е потребно големо трпение.

Лав, комплиментите се пресудни
Лавивите се горди, раководени од Сонцето, кое ги храни со витална енергија.Лавот сака да биде во центар на внимание, дури и во рамките на врската. Тој сака да има многу пријатели и, ако не се чувствува сакан и задоволен, има тенденција да ја истражува „градината на својот сосед“. Во суштина, сепак, Лавот е верен, само што е малку „нарцис”, па секогаш бара потврда од другите. Ако го предадете, брзо ќе ве изневери, а истото ќе се случи и ако е привлечен од туѓите комплименти. За да избегнете разочарување, обидете се да не му скратите од вниманието кое секогаш го бара.

Девица, интелектуален измамник
Овој очигледно лојален Хороскопски знак, во реалноста, не е меѓу најсигурните во Зодијакот. Управуван од Меркур, планета која поттикнува љубопитност и интелигенција, лесно се среќава во двојна врска, особено ако првата врска не гарантира стабилност и безбедност. Поради тоа, може да се влезе во изневерување на партнерот, со желба да истражува нови хоризонти. Вообичаено, кога изневерува, тој го прави тоа за да ја провери љубовта на својот „противник“. Девицата знае да направи неверство и кога е во врска со интелектуално послаб партнер од неа, а при средба со интелектуално помоќно лице.

Вага, две јадења, две вистини
Зодијачниот знак Вага не е од најверните. Ако е во љубов, овој придружник успева да му даде сигурност на својот партнер, кон кого е многу внимателен и грижлив. Напротив, ако живеете љубовна приказна со издигнувања и падови, многу е веројатно дека во одреден момент, ќе одлучи да погледне наоколу, во потрага по нови авантури. Вагата е двоен знак и, како таков, успева да се предаде и на друго „јадење“ ако му се залсади. И при тоа, од една страна, ќе се убеди себеси дека не направи нешто лошо, а од друга, ќе биде многу вешт во управувањето со две љубовни приказни истовремено. Како пријател пак, е опортунист и не секогаш транспарентен. Внимание: Венера, планетата која доминира со знакот, го прави многу чувствителен на убавината.

Шкорпија, лик кој ќе ви набие рогови
Знакот на Шкорпија често се прикажува како еден од најверните знаци на Зодијакот. Во реалноста не е така. Мажите и жените од овој хороскопски знак, всушност знаат да бидат целосно посветени на својот партнер, но тие мора да бидат длабоко вљубени во партнерот. Плутон, планетата која ги управува Шкорпиите,им дава многу длабоко чувство на љубов и страст. Ако живее приказна која не го инволвира на визуелен начин, овој зодијачки знак може да стане несигурен и манипулативен: совршено ги крие своите неверства, знае како да живее со неколку приказни во исто време, без да се грижи за чувствата на својот партнер. Внимание: со овој знак не сте лишени од рогови.

Стрелец, или традиционалист или флертувач

Зодијачкиот знак Стрелец обично е верен. Но, во самиот знак наоѓаме два зодијачни примероци: некои, повеќе традиционалисти, никогаш нема да го предадат придружникот, не само за прашањата на љубов, туку и за вредностите што ги водат, и секогаш ќе покажат почит и лојалност. Други, пак, поттикнати од желбата да се истражуваат машките и женските универзуми, можат да се занесат од нивната љубопитна природа и да влегуваат во чести флертови. Жените од овој знак се помалку верни од мажите, но обично не „напаѓаат“ први, туку чекаат да бидат уловени. Водечката планета на знакот, Јупитер, го зголемува нивниот експанзивен и дарежлив карактер.

Јарец, тврдоглав и верен
Овој зодијачки знак, управуван од најконзервативната планета на зодијакот, Стариот мудрец Сатурн, обично е многу верен. Всушност, Јарецот не сака да се осмели да освои нови простори: претпочита да ја одржува својата сигурност без да прави екскурзии во полето на неверството, пред сè затоа што ја сака рутината и се плаши од можните последици на лагата. Жените на Јарец не се многу романтични; тие не се осмелуваат да ја разберат својата немирна природа доколку ја имаат, бидејќи се плашат да не го уништат она што до сега го изградиле. Дури и мажите се обично конзервативни: не се предаваат на авантури и, ако го сторат тоа, тие апсолутно не дозволуваат да се „изгребе“ врската од нивниот живот.

Водолија, Неверство? Само ако е задушен
Зодијачниот знак Водолија обично е многу верен. Од љубовна природа, тој сака да истражи сè што не знае: тој е љубопитен, сака да создава нови искуства, да расте и да се развива како поединец. Но, кога ќе се врзе и ќе одлучи да има сериозна историја, не го напушта лесно партнерот. Само ако не е задоволен од партнерот, доколку овој го „гуши“, Водолијата може повторно да почне да ја бара својата слобода. Уран, планетата на промени што владее со знакот, сепак, го прави предмет на брзо менување на идејата: понекогаш преминува од еден флерт на друг без да направи сериозно предавство, но оставајќи ги другарите малку збунети.

Риба, додека не и ги изневерите чувствата…
Како што е случај со водните знаци, Рибите се водени од длабоки импулси. Меѓутоа, за разлика од Шкорпијата и Ракот, Нептун владее со нив: тоа е планета на љубов и имагинација што ги прави многу романтични и страсни. Ако навистина го сакаат својот сопружник, тие се врзуваат длабоко и не го изневеруваат. Но, ако партнерот не ги посипува со нежност и љубов, тие можат да имаат и неколку врски во исто време, без различните партнери да знаат за тоа. Нептун ги прави исто така многу способни да ја сокријат вистината ако Купидон не ги погоди нивните срца. Пред да се врзете за една Риба, може да бидете сигурни дека таа навистина е занесен во вас. Додека не ја изневерите во чувствата…

loading...