Грешки што жените ги прават, а кои можат да предизвикаат здравствени проблеми

АКЦИЈА
loading...

Жените понекогаш воопшто не се свесни дека некои секојдневни навики, можат да бидат штетни за нив и да им предизвикаат здравствени проблеми.

Ние издвојуваме 6 грешки, кои се секојдневие на речиси секоја жена:

1.Секојдневно се поткачени на високи потпетици. 

Сè повеќе жени за секоја прилика избираат обувки со високи потпетици, дури и кога знаат дека ги очекува долго пешачење. Навистина, високите потпетици ја издолжуваат фигурата и ја прават женската силуета попривлечна, но исто така имаат и негативен ефект врз здравјето. Тие создаваат голем притисок врз глуждовите, можат да придонесат за појава на повреди, истегнување на мускулите, болка во грбот, па дури и артритис.

2.Носат претешка чанта. 

Женската чанта е интересно место во кое може да се најде сè и сешто. Додека некои жени ја сфаќаат чантата како простор во којшто можат да ги носат најосновните нешта како паричник, мобилен телефон, огледалце и неколку шминки, за други чантата е многу повеќе од тоа и им тежи и по неколку килограми. Неретко се вели дека жените го носат цел свој живот во чантата. Тешката чанта може да предизвика болки во вратот и грбот, а исто така и лошо држење на телото. Максималната тежина на вашата чанта по правило не смее да биде повеќе од 10% од вашата телесна тежина.

3.Оставаат стравот или срамот да им попречи за да побараат стручна помош.

Многу жени забележуваат дека нешто не е во ред со нивното здравје и одбиваат да посетат доктор поради срам или страв. Стотици млади девојки не посетуваат гинеколог поради срам, а од истата причина стотици жени тивко страдаат без да побараат помош за нивното психичко здравје. Има и такви кои го одложуваат одењето на доктор затоа што се плашат од она што може да го покажат резултатите.

4.Користат градници со несоодветна големина. 

Знаете ли дека над 70% од жените користат градник со погрешна големина? Носењето на градник со несоодветна големина го влошува вашиот целосен изглед, бидејќи го менува начинот на кој ви стои облеката. На пример, претесниот градник го истиснува „салото“ на грбот и ако носите тесна облека ќе ви се познаваат непријатни нерамнини. Но, од носењето погрешен градник нема да настрада само вашиот изглед, туку и вашето здравје. Нема да можете да одржувате правилна положба на телото, може да се соочите со иритација на кожата и проблеми со дишењето и циркулацијата, а голема е веројатноста да имате болки во вратот, грбот и градите.

5.Ја игнорираат исцрпеноста и заморот.

 Амбициозноста поттикнува многу жени секојдневно да даваат максимум од себе – дома, на работното место, во друштвениот живот. За да постигнат сè, тие си скратуваат од сонот и ги игнорираат потребите на телото за одмор. Недоволниот сон докажано го зголемува ризикот од многу болести, го стимулира апетитот за брза храна и ја зголемува склоноста кон незгоди поради намалената будност. Истовремено го зголемува и стресот, кој е број еден непријател на здравјето.

6.Ја тестираат секоја ригорозна брза диета. 

Строгите диети кои се темелат на исклучување на одредена група намирници од исхраната и кои препорачуваат внесување на премалку калории имаат краткорочен ефект. Кратко време по завршувањето на диетата, изгубената тежината се враќа како бумеранг, циклус познат како јо-јо ефект. Многу жени започнале со една диета, па по враќањето на изгубената тежина пробале втора, по повторното зголемување на килограмите се префрлиле на трета диета… Таквиот циклус не само што остава психички последици затоа што ја намалува самодовербата и создава фрустрации, туку и го нарушува метаболизмот.

loading...