9 ДОБРИ ПРИЧИНИ ДА СЕ ЗАЉУБИТЕ ВО МАЖОТ РИБИ

АКЦИЈА

Чувствителни, љубезни и внимателни кон потребите на жените. Човекот што припаѓа на дванаесетиот знак на Зодијакот (20 февруари – 19 март) е еден од најпосакуваните и најценетите партнери. Тој има комплексен карактер, но изобилува со квалитети кои можат да се применат на уметничко и сентиментално поле. Еве девет добри причини да се заљубите во него.

Тој е визионер во љубовта

Совршено, како што само еден сонувач може да биде. Мажот риби се раководи од вроден креативен импулс, поткрепен токму од способноста лесно да создава една убава реалност. Во љубовта, својата сакана (и нејзините потреби) се секогаш во преден план, што го прави совршен партнер.

Тој е многу интуитивен

Овој знак има високо развиена интуиција и поседува „шесто сетило“. Интуицијата е неговата јака страна кога се работи за впуштање во некоја бизнис активност или се работи за некоја личност.

Тој е добар слушател

Секоја жена знае колку е важно партнерот да биде добар слушател во врската. Мажот риби најверојатно е знакот кој, најмногу од сите, може да се пофали со оваа карактеристика.

Тој е човек со широки погледи

Мажот риби има каприциозен и хумористичен карактер, но меѓу неговите најдобри врендости е и способноста да ги гледа нештата подлабоко и пошироко. Благодарение на неговата имагинација која му дава енергија, тој секогаш се докажува како личност отворена за нови работи.

Тој е чувствителен

Привилегија на овој знак е тоа што има способност да ги разбере и сфати и најситтните работи, како во секојдневниот живот така и во односите со другите. Понекогаш смирен и мистериозен, мажот риби секогаш знае како да допре до вашето срце.

Тој е романтичен

Мажот риби е романтичен интелектуалец кој живее повеќе на емотивно и разумно ниво отколку на сексуално ниво и не е еден од оние кои размислуваат со долниот дел од телото. Напротив, тој претставува идеален тип на човек со кој ќе имате големо пријателство во склоп на „духовниот брак“ (но не во платонска смисла).

Тој е заљубен во уметноста

Литература, поезија, сликарство, но пред сè… музика! Мажот риби има силен уметнички дух и често и самиот е музичар или свири на некој инструмент. Во секој случај, тој е човек кој знае како да ја маѓепса жената посветувајќи ѝ некое музичко дело, парче поезија или едноставно да ја однесе на некој концерт…

Тој има разбирање за женската опсесија за убавина

Дали сте зависнички од шминка? Мажот риби го цени тоа. Тој е фасциниран од убавата и средена жена, која знае како да се облече и нашминка и да изгледа едноставно и елегантно.

Тој е внимателен љубовник

Мажите во овој знак многу добро знаат што сакаат и што им се допаѓа на жените, па затоа знаат како да ја шармираат жената со својата елегантна машкост.

Познат личности со овој хороскопски знак: Адам Левин, Алесандро Гасман, Бенисио дел Торо, Крис Мартин, Даниел Крег, Хавиер Бардем, Тицијано Феро.

loading...