32.000 евра за кола, а народот гладува

АКЦИЈА
loading...

Во вторникот вечерта во посета на Прилеп беше министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој присуствуваше на трибина во Домот за култура “Maрко Цепенков”.

Министерот заедно со пратениците од СДСМ, Хари Локвенец и Кети Смилеска, се пофалија за наводната успешна политика во земјоделството и поддршката на земјоделците, но не слушнавме ниту збор за луксузирањето на нивниот директор на Инспекторатот за земјоделие во Прилеп, Јане Станкоски.

Имено, како што минатата недела објави порталот “Курир“, директорот од СДСМ пред Нова Година си се подновил со луксузен автомобил вреден над 32.000 евра.

Според договорот за јавна набавка кој В.Д. директорот Јане Станкоски го склучил со компанијата Јосифов од Битола, на 25 декември минатата година, купен е автомобил од типот седан за цена од 2.010.124 денари.

Според неофицијалните информации, станува збор за супер луксузна Шкода Супер Б, најскапата лимузина од гамата на овој производител – додаваат од “Курир”.

На министерот не му беше интересна оваа тема која предизвика низа реакции од прилепчани деновиве.

Граѓаните жестоко го осудија ваквото расфрлање на државни пари за луксузирање и побараа одговорност за расипничкото однесување.

Само за потсетување, 260 вработени во прилепскиот загубар “Eурокомпозит” секојдневно бараат правда и неисплатени плати по улиците, а директорите од СДСМ живеат живот.

loading...