Уштипци од карфиол со кашкавал

АКЦИЈА
loading...

Ако сакате да експериментирате ова е вистински рецепт за вас. Излезете од секојдневието и направете уштипци на сосема друг начин.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исчистете го карфиолот, па изрендајте го на крупно ренде и оставете добор да се исцеди.

Жолчките одвојте ги од белките, па белките разматете ги во цврст снег.

Во жолчките додајте зачини, презла, кора од лимон, рендан кашкавал и карфиол, па сè добро соединете. На крај додајте снег од белки и сè добро соединете.

Смесата ставете ја во плех обложен со хартија за печење и премачкан со масло формирајќи мали лепињи.

Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути, а потоа свртете на друга страна, премачкајте со масло и продолжете со печење уште десетина минути.

Послужете топло со јогурт, кисело млеко, кефир или свеж зеленчук.

Добар апетит!

loading...