Полицијата и обвинителството започнуваат истрага како загинаа двајцата млади планинари

АКЦИЈА
loading...

Обвинителството ќе ги истражува причините за смртта на двајцата Македонаски планинари на врвот Кајмакчалан. Оттаму велат дека веќе е издадена наредба да се изврши проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија со цел да се открие кој и како ја организирал планинарската експедиција и дали во целост биле исполнети условите кои се потребни за еден таков потфат. Покрај ова, ќе се проверува и планинартското друштво кое ја организирало турата.

„Издадена е наредба да се направат проверки во планинарското друштво „Трансверзалец“ – Скопје, нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан“

Од обвинителството велат и дека е побарано да се обезбеди и листа со сите повици од мобилните телефони на починатите планинари.

Според Федерацијата на планинарски спортови, главен виновник за трагедијата се лошите временски услови. Сепак, неколку дена после несреќата тие ја суспендираа летнаат лиценца на организаторот на турата за Кајмакчалан, Зоран Костадинов, кој воопшто немал лиценца да предводи зимски искачувања. Семејствата на починатие пак токму Костадинов го посочуваат како главен виновник за трагедијата. Планинарите Калина Велевска и Александар Миновски животот го загубија на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе во Грција.

loading...